2. ОКО
Очите ги примаат светлосните
дразби. Тие се нежен орган што е
заштитен со черепните коски што
ги создаваат ѕидовите на очните
празнини и служат како заштита
на задниот дел на очното јаболко.
Околу очите има помошни
органи:веѓи, трепки, клепки и
солзни жлезди кои имаат
заштитна улога, а мускулите
служат да го двизат окото. Преку
окото човекот се надворешниот
свет.
3. ЕВОЛУЦИЈА НА ОКО
Кајеволутивно најпримитивните
животни, сунѓери, не постојат очи
како органи. Возрасните сунѓери се
силни организми кои имаат
филтрирачки начин на исхрана и
во нивниот живот фоторецепцијата
нема голема улога. Младите
сунѓери и ларвите се подвижни
организми и ним сетилото за вид
им е повеќе потребно, иако се до
неодамна се сметало дека ни
ларвите ни сунѓерот немаат очи.
4. ДЕЛОВИ НА ОКОТО
Мрежница во задниот дел од
окото се наоѓа слој
чувствителен на светлина;
содржи рецептори што ја
претвараат светлината во
нервни импулси
Леќа ја фокусира светлината
врз мрежницата
Лигаменти затегачи ја држат
леќата на место
Цилијарни мускули го менуваат
обликот на леќата во процесот
на фокусирање, мускулите се
стегаат за фокусирање на
поблиски објекти и се опуштаат
за фокусирање на подалечни
објекти
5. Шареница обоениот дел од
окото што низ промена на
големината на зеницата ја
контролира количината
светлина што влегува во
окото
Црнка отвор кој дозволува
влез на светлината во окото
Беловница бел надворешен
слој на окото
Рожница предниот проѕирен
дел на беловницата кој ја
пропушта светлината во
окото, закривена е за подобро
фокусирање
Очен нерв содржи сетилни
неврони што ги пренесуваат
импулсите од мрежницата до
мозокот
6. АКОМОДАЦИЈА НА ОКОТО
Способноста на окото да формира
остри и јасни ликови на исто место
при најразлични положби на
предметот се вика акомодација.
Правата што минува низ оптичкиот
центар на очната леќа и
најчувствителниот дел на светлина
– жолтата точка, се вика права на
директно гледање.
Местото на мрежницата каде
влегува очниот нерв е неосетливо
за светлина и се нарекува слепа
дамка.
8. СФЕРНА АБЕРАЦИЈА
Немоќноста на очната
леќа да ги собери сите
паралелни зраци во ист
фокус е позната под
името сферна
аберација.
9. ХРОМАТСКА АБЕРАЦИЈА
Кога светлосните зраци
на различна бранова
должина се фокусираат
на различни точки по
должина на оптичката
оска на објективот е
познато како хроматска
аберација.
10. АСТИГМАТИЗАМ
Астигматизам е
рефракциска
аномалија,при што
зраците по прекршувањето
во оптичкиот дел на окото,
не се собираат во една
точка од мрежницата и не
се формира јасна слика на
гледаните предмети.
Најчеста причина за овој
оптички недостаток на
окото е неправилната
прекршителна површина
на рожницата.
11. АМЕТРОПИЈА
Мана на окото во прекршувањето на светлината
при што оптичкиот систем на окото поседува
грешки во најблиските и најоддалечените точки
на гледање се нарекува аметропија.
12. ДАЛЕКОВИДОСТ (ХИПЕРМЕТРОПИА)
Способност во која окото
покажува прогресивно смалување
на способноста да се акомодира
на објектите во непотребна
близина е далековидост.
13. КРАТКОВИДОСТ (МИОПИА)
Пореметување на кршењето на
зракот во окото при што
паралелното насочено светло
произведува слика пред
мрежницата е кратковидост.
14. АМБЛИОПИЈА
Mрзливоста на очите е состојба на
намалена способност за вид на
едното око или на двете очи. Видот е
способност која мозокот ja учи од
раѓањето. Новороденото бебе од
раѓање ги разликува силуетите. На 6
месечна возраст почнува да гледа
тродимензионално и во боја. Ако во
едното око во споредба со другото
постои изразена аномалија во
прекршувањето (рефракција,
диоптрија), кривење (страбизам),
катаракта или други нарушувања који
го попречуваат видот тоа око гледа
заматено.
15. СТРАБИЗАМ
Страбизам е состојба при која
очите меѓусебно не се правилно
насочени и немаат
синхронизирана подвижност.
Тоа обично вклучува недостаток на
координација меѓу очните мускули,
што онеовозможува насочување
на погледот на двете очи во една
иста точка, а со тоа и правилен
вид.
16. ГЛАУКОМ
Глаукомот претставува прогресивна
болест (оптикопатија) со оштетување
на очниот нерв, кое води до
постепено намалување на видот.
Постојат повеќе ризик фактори и
теории за причините за оштетување
на очниот нерв, но една од главните
причини е очниот притисок, ризик
фактор врз кој моментално
единствено може да се влијае .
17. ДАЛТОНИЗАМ
Далтонизам е неможност за
разликување на некои или на сите
бои. Обично се смета за слепило
на бои. Човечката мрежница
содржи три типа клетки што
апсорбираат светлина во рзлични
делови од спектрумот. Отсуството
на овие типови предизвикува
далтонизам за црвена, зелена и
сина боја. Далтонизам е рецесивна
карактеристика поврзана со
полот, која е 20 пати повообичаена
кај мажите отколку кај жените.