1. Петар Илич Чајковски (руски: Пётр Ильич
Чайкoвский; се изговара: Пјотр Иљич
Чајковскиј) (Камско-Воткинск, 7 мај 1840 –
Петроград, 6 ноември 1893, бил еден од
најголемите руски композитори и
симфоничари, кој со своите креации ја
одбележа ерата на доцниот романтизам како
еден од најсестраните и најплодните.
Значаен придонес дал во развојот на рускиот
балет.
Негови најпознати дела се оперите „Евгениј
Онегин“ и „Пикова дама“, а неговуите три
балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и
„Заспаната убавица“ се едни од
најизведуваните балети на сите времиња.
Познато негово дело е и циклусот
„Годишните времиња“.
2. Во своите последни години ги компонирал
своите најпознати опери „Девојка Орлеанска“,
„Мазепа“ и „Евгениј Онегин“. Помеѓу
останатите негови познати дела спаѓаат
„Капричо Италија“, „Концерт за клавир и
оркестар бр. 2 во Г- дур, опус 44“, „Концертна
фантазија за клавир и оркестар“ и „Манфред
симфонија“. Повторен финансиски подем
композиторот доживеал во 1884, а во 1887
година го открил својот талент како диригент.
Следат концертни турнеи низ цела Европа. Во
1891 имал концертна турнеја во Њујорк,
Филаделфија и Балтимор.
3. Од 1888 настанале неговите последни познати
дела: балетот „Трнорушка“, „Хамлет увертира“,
„Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол,
опус 64“ и балетот „Оревокршачка“. Во
годината на својата смрт (1893) ги компонирал
недовршениот „Концерт за клавир и оркестар
во Ес- дур“ и „Шеста симфонија во х- мол
„Патетична“.
4. Од 1888 настанале неговите последни познати
дела: балетот „Трнорушка“, „Хамлет увертира“,
„Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол,
опус 64“ и балетот „Оревокршачка“. Во
годината на својата смрт (1893) ги компонирал
недовршениот „Концерт за клавир и оркестар
во Е- дур“ и „Шеста симфонија во х- мол „.