Se ha denunciado esta presentación.
Utilizamos tu perfil de LinkedIn y tus datos de actividad para personalizar los anuncios y mostrarte publicidad más relevante. Puedes cambiar tus preferencias de publicidad en cualquier momento.

Безрбетни животни

  • Inicia sesión para ver los comentarios

Безрбетни животни

  1. 1. Безрбетни животни се животни кои немаат потпорен столб – ‘рбет, изградени се од ткива и органи. Во безрбетници спаѓаат:  сунѓери;  копривкари (мешести организми);  црви;  мекотели;  иглокожи;  членконоги (ракови и инсекти);  пајаковидни животни. 
  2. 2.       Сунѓерите се водни животни кои водат прикрепен начин на живот. Поголем број од сунѓерите живеат во морињата, а помал број во слатките води. Сунѓерите по форма може да бидат: топчести (охридски топчест сунѓер (ендемичен вид), морски сунѓер портокал), лишпест (го има во Охридското Езеро), пехаресто. . . Познати се околу пет илјади видови сунѓери. Телото на еден сунѓер е изградено од ектодерм (надворешен слој) и ендодерм (внатрешен слој). Помеѓу ектодермот и ендодермот се наоѓа пифтиеста маса со малку живи клетки. Живите клетки имаат повеќе улоги и тоа: излачување на скелет богат со минерали (варовник) или органски материи, создаваат пигментни материи кој ја даваат бојата на сунѓерот и сл. Во среднината не телото на еден сунѓер има централна празнина, празнина која е поврзана со главниот и со страничните отвори. Сунѓерите се простоградени организми (без ткива и органи).
  3. 3.       Копривкарите имаат пехареста форма. Тие исто така имаат пипалки кои зрачно се поставени околу устата. Телото на копривкарите е изградено од надворешен слој епителни клетки (ектодерм) во која покрај епутелните има и жарни клетки. Жарните клетки се изградени од меурче во кое се лачи отровна материја и од долго конче со зашилен врв кој се забодува во телото на жртвата и пленот се убива, а со помош на пипалата пленот се внесува во устата и мешето каде што се вари храна со соковите кои ги лачи ендодермот. Копривкарите се посложени животни кои се изградени од ткива и тоа: епително, мускулно и сетилно. Познати се околу девет илјади копривкари. Типични претставници на копривкарите се медузите и коралите.
  4. 4.    Медузите се типични претставници на копривкарите. Попознати медузи се: црвената актнија (Јадранско Море), актинија цијанеа (северните води). Актинја цијанеа достигнува должина и до триесет метри.     Исто така и коралите се типични претставници на копривкарите. Постојат околу шест илјади видови корали. Попознати се: црвениот корал (од кој се прават украси и накити),морското перо кое има белузлав скелет и мадрепорниот корал која живее во тропските мориња и во Јадранското. Коралите создаваат големи масивни скелети познати како коралски гребени.
  5. 5.     Црвите се животни со тенко, издолжено и меко тело. Телото на црвите е покриено со еднослоен епител, а заштитено со кутикула. Под кутикулата се наоѓа мускулното ткиво, ткиво си чија помош црвот се движи. Потоа следува телесната празнина каде што се сместени сите органи. Кај паразитските црви сите органи се упростени. Најпознати видови црви се: прстенестите (дождовени црви, пијвици и морски црви), плочести црви (планарија) и плочести празитски црви (тениите).
  6. 6.             Мекотелите имаат меко и нежно тело, по што го добиле и своето име. Телото на мекотелите е поделено на три дела: глава, труп и стопало. На главата се наоѓаат устата и сетилните органи. Во трупот се внатрешните органи. Стопалото е месест орган кој служи за движење. Кај мекотелите постои уште и мантија – голем кружен набор на кожата меѓу трупот и стопалото. Телото е покриено со епител. Во епителот има жлездести клетки кои лачат лига и клетки кои ја лачат зштитната варовникова обвивка. Мекотелите се една од најбројните групи животни – со околу сто илјади претставници. Типични претставници на мекотелите се: полжави, школки и главоноги. Попознати полжави се: лозов, гол полжав, морско уво, барски полжав и други. Познати школки се: барска, речна, црна школка, острига, паластура и други. Познати главоноги се: наутилус, сепија и октопод.
  7. 7.       Иглокожите се морски животни. Најчесто живеат во плитките води. Телото им е покриено со тенка кожичка под која се наоѓа варовнички скелет. Варовнички скелет е составен од варовнички плочки (се наредени во низа) преку кои на површината на телото излегуваат иглички. Поради игличките на кожата оваа класа го има добиено името иглокожи. Иглокожите се движат со помош на боцките и амублакралните ноџиња (водни ноџиња). Иглокожите се хранат со ситни растенија и животни.
  8. 8.        Членконогите го добиле своето име поради тоа што телото им е членковидно. Претставници на членконогите се раковите и инсектите. Нозете се составени од членчиња кои се зглобно поврзани. Ова им дава можност на членконогите да ги свиткуваат нозете во правецот во кој се движат. Телото им е зашитетно со хитин. Хитинот го лачи надворешниот дел на кожата. Меѓу членчињата тој е мек и растеглив. Ова го прави телото на членконогите подвижно. Многу животни можат да ја напуштат водената средина да се присопсобат на субоземен живот. За оваа споспобност е заслужен хитинскиот скелет. При процесот на развивање хитинот пука и се создава нов (ракот првите години се преслекува два до три пати годишно). Членчињата имаат посебни делови на телото и тоа: глава со уста, очи и пипала, гради со нозе, крила (кај инсектите) и абдомен – меше.
  9. 9.         Раковите се голема група животни со околу триесет илјади видови. Тие живеат во морските копнените води. Телото на раковите им е изградено од 10 – 15 членчиња. Членчињата се групирани во: глава и гради (или главоградник) и абдомен. На главата раковите имаат два пара пипала и три пара усни екстремитети кои им служат за прифаќање на храната. На секое членче кое се наоѓа на градите има по еден пар нозе за движење. На абдоменот има орган за пливање – ладало Познати морски ракови се: јастрог, крабата, шкампите и други. Познати слатководни ракови се циклопс, водна болва (дафнија) и речниот рак.
  10. 10.          Телото на инсектите е поделено на три дела: глава, гради и меше. На главата се наоѓаат добро развиените очи, сетилото за мирисање и устен апарат за грицкање, боцкање, лижење и цицање. На градите има три пара нозе за движење. На грбната страна има крила – тенки кожни набори со мрежа од жилички кои служат за летање. Мешето им е изградено од членчиња со малку хитин. Инсектите се најбројната група со преку еден милион претставници. Тие се приспособени да живет на копно, во вода и во воздух. Некои инсекти се приспособени да живеат и во телата на животните и растенијата (растителните вошки, шугавецот и крлежот). Најпознати се: пеперутките, мувите, комарците, скакулците, лебарките, пчелите, бумбарите. . .
  11. 11.         Во пајаковидни животни спаѓаат: пајаците, крлежите и шкорпиите. Шкорпиите живеат во сушни предели. Пајаците живеат во станбени простории. Кучешкиот крлеж и шугавецот паразитираат во животните. Познат отровен пајак е тарантулата. Многуножните животни живеат во земјата. Многуножните животни се хранат со ларви и ситни животни. Некои се отровни.

×