SlideShare a Scribd company logo
1 of 14
Падот на Берлинскот зид
Заклучок:Студената војна никогаш вистински не заврши за Куба и многу
делови на Латинска Америка, а веста за нејзиниот крај едвај и да
допре до Пјонгјанг и Сеул. За мнозинството од светската популација,
кое се уште умира од глад, нечиста вода, излечиви болести и сл. –
таа вест е тотално бесмислена. Студената војна II доживува
ренесанса таму каде што, всушност, и беше нејзиниот епицентар –
во Европа, а се шири со посредство на меѓународните медиуми и
предизвикува бранувања, од кои некои профитираат, а некои – не.
Пред да се донесе дефинитивен заклучок за тоа дали навистина се
наоѓаме пред нова војна, пред Студена војна II, добро е да се
потсетиме дека и Студената војна со сиот нејзин категриијален
апарат беше само смоквин лист зад кој се криеја многу постари
поделби и конфликти.
Вовед
• На 9 ноември 1989 се случил Падот на Берлинскиот ѕид, еден
од најзначајните настани во поновата светска историја, што
воедно беше симбол на крахот на тоталитарните комунистички
режими во Источна Европа и крајот на идеолошката
поделеност во светот, односно Студената војна.
• Германија беше поделена од страна на Западните сојузници
(САД, Британија, Франција) и Советскиот сојуз на два дела како
последица на нејзиниот пораз во Втората светска војна, што
подоцна резултираше и со формирање на две различни
германски држави: Сојузна Република Германија (Западна) и
Германската Демократска Република (Источна). Притоа, беше
поделен и германскиот главен град, Берлин. Неговиот источен
дел беше прогласен за главен град на ГДР, додека Западниот не
се приклучи во СРГ, туку имаше специфичен статус под
контрола на Западните сојузници.
• За да ги држат своите сопствени граѓани под контрола и
да ги спречуваат во нивните обиди за пребегнување на
Запад, тоталитарните источно- германски власти
започнуваат со подигање на Берлинскиот ѕид во 1961
година, во времето на владеењето на Валтер Улбрихт, а
под супервизија на тогашниот секретар за безбедност,
Ерих Хонекер, инаку иден лидер на ГДР. Овој
монструозен споменик на човечкото лудило, во
следните неколку децении ќе однесе и повеќе човечки
жртви, кои ќе се обидат да го прескокнат во потрага по
послободен живот на Запад, подалеку од теророт на
озлогласената источногерманска тајна служба, Штази.
• Политиката на „Гласност“ и „Перестројка“ на советскиот лидер
Михаил Горбачов доведе до извесна демократизација во СССР, а
неговото напуштање на Брежњевата доктрина, ги окуражи
опозициските сили во источноевропските земји, да излезат на
улиците и да зададат final blow на тоталитарните режими, кои ги
угнетуваа сопствените граѓани речиси половина век. Ветриштата на
промените ги преминаа границите на Источна Европа, па свој оддек
најдоа и во далечната НР Кина. Иако таа не беше во советската сфера
на влијание, сепак, охрабрени од посетата на Горбачов, таму се
одржаа брутално задушените студентски демонстрации на
пекиншкиот плоштад Тјенанмен. Борбата за демократизација ги
извојува и првите победи, прва не-комунистичка влада во Источна
Европа беше формирана во Полска во август 1989, од страна на
синдикатот Солидарност воден од Лех Валеса, за по два месеци,
социјализмот да биде напуштен и во Унгарија. Беше само прашање на
време кога, како гнили круши, ќе паднат и другите комунистички
режими.
• Но, сите овие промени воопшто не ги тангираа властите на Германската „Демократска“ Република,
државата која тврдеше дека доследно ги следи идеите на германскиот теоретичар на комунизмот,
Карл Маркс, со чие име, патем, беше преименуван и еден нејзин град, Кемниц. Дали тие нејзини
тврдења беа веродостојни, не се знае, но еве како неа ја опишува актуелниот руски премиер,
Владимир Путин, кој во осумдесеттите таму служеше како разузнавач на КГБ: „Тоа беше строго
тоталитарна држава според наш образец и пример, но со 30-годишна застареност. Трагедијата
беше во тоа што многумина искрено веруваа во сите тие комунистички идеали. Тогаш, си мислев:
ако почнат кај нас некакви промени, како ќе се одрази тоа врз судбината на овие луѓе?“.Во 1989
година, Перестројката во СССР беше во полн замав, но источногерманскиот лидер, 77-годишниот
Ерих Хонекер, потполно отсечен од реалноста, тврдоглаво се спротивставуваше на било какви
реформи и сеуште тврдеше дека „Ѕидот ќе опстои уште 100 години“! Кога есента истата година, во
земјата избија масовни демонстрации, решија да го исфрлат од власт. На 18 октомври тој дава
оставка, наводно по слободна воља, од здравствени причини, иако се тврди дека чинот бил изнуден
под нивен силен притисок. За негов наследник беше избран помладиот, но не и премногу
полибералниот Егон Кренц, кој вети некакви реформи, како последен очајнички обид комунистите
да се задржат на власт. Масовните, инаку мирни протести, под мотото "Wir Sind Die Volk!" („Ние сме
народот!), во кој учествуваа опозициски сили од сите политички „бои“, и либерал- демократски и
демохристијански и не-комунистички левичарски, воедно и масовниот егзодус на Источните
Германци на Запад, ги натераа властите на извесни отстапки, макар во делот на слободата на
патувањето во странство, која тогаш беше особено жешка тема. Имено, тогаш тазе
демократизираната Унгарија ги отвори своите граници спрема Австрија. Со оглед дека беше земја
на Источниот блок, во која источногерманските граѓани слободно можеа да патуваат, тоа им
овозможи, преку нејзините граници непречено да пребегнуваат на Запад. Во таа смисла,
источногерманските власти решаваат да воведат привремени, порелаксирани правила за патување,
• Попладнето, на историскиот 9 ноември 1989 година, во Источен Берлин, во
крајно напната атмосфера, се одржува прес конференција, на која,
портпаролот на владеачката партија, Гинтер Шабовски, го обелоденува
новиот либерализиран граничен режим. Се наведува дека патувања во
странство за физички лица отсега ќе бидат одобрувани на сите граѓани, кои
тоа ќе го побараат. По заморното бирократско излагање, во 18 часот и 53
минути започнува неочекувана канонада од прашања на странски
новинари,- „Ќе треба ли пасош или не треба?“- се слуша од еден крај на
салата, „Дали ова важи и за Западен Берлин?“- се слуша од друга страна, па
ако веќе би важело и за Западен Берлин, логично се надоврзува и
прашањето „А што ќе биде тогаш со Берлинскиот ѕид?!“. Постои спор околу
тоа, од кого од горенаведените новинари било поставено секое одделно
прашање, но несомнено, едно од нив е круцијално: „Кога овие нови мерки ќе
стапат на сила?“. Шабовски повторно шушка со хартиите за да одговори со
историското: „Според моите информации, веднаш“. Се тврди дека
одговорот бил недоволно јасно формулиран. Но кому му е веќе гајле,
„веднаш“ е ВЕДНАШ. Ерман брза да се јави во Agenzia Nazionale Stampa
Associata, при што пророчки им диктира „БЕРЛИНСКИОТ ЅИД ПАДНА!“. Од
другата страна на телефонската жица, мислеле дека е луд. Почнува лавина.
• Вечерта, илјадници и илјадници граѓани од Источен Берлин, кои ја следеле прес
конференцијата на телевизијата и радиото, почнуваат масовен марш кон граничните премини
на Берлинскиот ѕид, кои водат до капиталистичкиот Западен Берлин. Граничните служби се
најдени во небрано кога кон нив навалува огромна маса народ во еуфорија! Што да се стори,
зарем да се отвори оган?! Зар тукутака да се пропуштат луѓето?! Да се бараат или да не се
бараат документи?! Какви?! Настанува општа збрка, имено, граничните служби не биле
благовремено известени што да прават, а ниту во лудило не би очекувале да се случи вакво
нешто! Следуваат очајнички телефонски повици до претпоставените, но ни тие немаат
добиено инструкции што да прават, а никој од нив нема храброст да преземе одговорност за
евентуално крвопролевање! Народот им скандира на очајните граничари „Отворете ја
портата!“. Тензијата е огромна. На крај, победува разумот! Некогаш крајно ригидните
источногермански граничари, ја преземаат историската одговорност во свои раце и
самоиницијативно решаваат да ги кренат рампите! По речиси полувековна поделба,
илјадници Источни Берлинчани слободно зачекоруваат во Западен Берлин, каде со радост се
пречекани од своите западни сограѓани во празнична атмосфера. Со капитулацијата на
источногерманските власти пред сопствениот народ и со отворањето на границите,
Берлинскиот ѕид, кој требаше тие исти граѓани да ги држи подалеку од „пороците“ на
„трулиот капитализам“, веќе ја изгуби смислата за своето постоење. Армија млади луѓе
вооружени со чекани и длета прејдоа кон негово уништување, но сепак, негови делови се
зачувани како сведоштво за една мрачна ера.
• На новинарско прашање, „Ви беше ли жал
кога се урна Берлинскиот ѕид?“, Путин
одговара: Всушност, знаев дека тоа е
неизбежно. Искрено да ви кажам, жалев
само за загубените позиции на Советскиот
сојуз во Европа, иако сфаќав дека
позицијата заснована врз ѕидови, не може
да постои вечно“.
Обиди за бегство
Првата жртва на Берлинскиот
ѕид
• Теророт на тоталитарната власт во источна Германија, особено
спроведувана од злогласната тајна служба Штази, тера многумина да
си ја пробаат среќата да пребегаат преку Ѕидот. Некои и успеваат, а
многумина паѓаат убиени на лице место.
• Една од првите жртви на Ѕидот е младиот 18 годишен студент Петер
Фехтер. На 17 Август 1962 г. тој е застрелан од страна на источно-
германската стража при обид за прескокнување на Ѕидот, пришто паѓа
погоден на ничија земја и тука страда ранет и очајнички повикува за
помош пред камерите на западните медиуми. Од Западна страна
никој не се осмелува да влезе во тој простор и да му помогне, заради
страв од меѓународен инцидент. Ниту источно-германските војници
не се осмелуваат да се доближат толку близу до него, плашејќи се од
евентуално отворање оган од западната страна.
• Така, Петер Фехтер умира после саат време искрвавување на ничија
земја, помеѓу Источен и Западен Берлин, помеѓу Источна и Западна
Германија, помеѓу Источниот и Западниот блок, среде самиот центар
на поделениот свет.
Изненадени Западни Германци
• Владата на СРГ беше изненадена од настаните кои се одвиваа многу брзо. Граѓаните на
дотогашната источно-германска творба многу брзо по паѓањето на Ѕидот побараа
повторно обединување на поделена Германија. Поранешниот канцелар и лидер на
Социјалдемократската партија на Западна Германија, Вили Брант им даде надеж во таа
насока: „Сраснува она, што припаѓа едно на друго!“
• Тогашниот канцелар Хелмут Кол на 19 декември 1989 година патува во Дрезден во
посета на новиот премиер на ГДР, Ханс Модров. Западногерманскиот канцелар наидува
на одушевен дочек и уште истата вечер го држи познатиот говор пред урнатините на
катедралата во Дрезден. „ Моја цел останува единството на нашата нација, доколку
тоа го дозволи историскиот миг. Нашата куќа, Германија, мора да биде изградена под
европскиот покрив. Тоа мора да биде целта на нашата политика.“
• Само 10 месеци подоцна, на 3 октомври 1990 година повторното обединување на
Германија доби правна завршница. Повторното единство на Германија, пак, беше
предуслов за надминувањето на поделбата на Европа на Западен и Источен блок, што
се најде на дневниот ред во наредните години.
Дебата на тема:Дали студената
војна навистина заврши
• За мнозинството земји во светот Студената Војна заврши со распадот на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт и со
уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на источна и западна Германија во една држава.
• Но по терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, американската окупација на Авганистан и Ирак,
светските супер-сили, особено САД и Русија повторно инвестираат се повеќе и повеќе во своето вооружување. Иако
сега за сега само на хартија се прават подготовки за нуклеарно разоружување, останатиот вид на вооружување
добива на технолошка брзина и финансии. Во септември 2007 Русија успешно ја има тестирано
најголемата вакуумска бомба во светот "Татко на сите бомби", помоќна од американската "Мајка на сите бомби".
Светската економска криза од 2008 остави зад себеси милиони луѓе низ светот без работа, а американската
економија, руската економија, како и европските и сите останати економии во светот претрпеа огромни загуби. Ова
многу експерти го сметаат како фитил за почеток на Втора Студена Војна. Многумина велат дека таа е почната уште
во 1999 со бомбардирањата на Југославија од страна на НАТО.
• Некои велат дека Студената Војна никогаш не заврши, туку дека на кратко е прекината со таканаречен привремен 10
годишен "прекин на огнот", во текот на 1990-те. Војната против тероризмот од страна на коалицијата предводена од
страна на САД се смета како прв тест за подготвеноста на западните сили за војување во 21-от век. 9 дневната
Јужноосетиска војна во Грузија која што се одвиваше од 7 август до 16 август 2008 се смета како прв тест за
подготвеноста на руските сили за војување во 21-от век. Кина се очекува до крајот на првата половина на 21-от век
да биде водечка светска сила, економски, воено и технолошки, иако веќе од 2009 очите од земјите низ целиот свет
се вперени во неа, а не во САД и во европските земји за спас од последиците од економската криза од 2008.
• Исто така се поставува прашањето: "Зошто НАТО се уште постои ?", бидејќи првичната цел на НАТО поради која што
беше основан, бранењето на некомунистичките земји од комунизмот заврши успешно. Некои експерти велат дека
земјите-членки на НАТО се свесни дека Студената Војна никогаш не заврши, туку дека само се сменија имињата на
завојуваните страни и бојното поле и дека затоа НАТО се уште постои. Со брзата победа на Русија во 9 дневната војна
во Грузија во 2008, Русија ги демонстрираше својата воена моќ и своето влијание, што на големо ги загрижи земјите-
членки на НАТО, бидејќи Грузија е претендент за полноправно членство во НАТО, а нејзината армија се смета како
пример за професионална НАТО-армија.

More Related Content

More from MerlinaTolevska1

Prva Svetska Vojna preku sliki.ppt
Prva Svetska Vojna preku sliki.pptPrva Svetska Vojna preku sliki.ppt
Prva Svetska Vojna preku sliki.pptMerlinaTolevska1
 
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptxMerlinaTolevska1
 
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...MerlinaTolevska1
 
05-skole-bez-suradnika.pdf
05-skole-bez-suradnika.pdf05-skole-bez-suradnika.pdf
05-skole-bez-suradnika.pdfMerlinaTolevska1
 
05-skole-bez-suradnika.pptx
05-skole-bez-suradnika.pptx05-skole-bez-suradnika.pptx
05-skole-bez-suradnika.pptxMerlinaTolevska1
 
seminar-izvestaj-vesna.ppt
seminar-izvestaj-vesna.pptseminar-izvestaj-vesna.ppt
seminar-izvestaj-vesna.pptMerlinaTolevska1
 
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptxMerlinaTolevska1
 
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...MerlinaTolevska1
 
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...MerlinaTolevska1
 
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).doc
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).docИзборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).doc
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).docMerlinaTolevska1
 
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docx
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docxИзборен предмет-Образование за животни вештини.docx
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docxMerlinaTolevska1
 
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docx
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docxИзборен-предмет-Театарски-работилници.docx
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docxMerlinaTolevska1
 
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.doc
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.docIII.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.doc
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.docMerlinaTolevska1
 

More from MerlinaTolevska1 (19)

Prva Svetska Vojna preku sliki.ppt
Prva Svetska Vojna preku sliki.pptPrva Svetska Vojna preku sliki.ppt
Prva Svetska Vojna preku sliki.ppt
 
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx
5_Metode-aktivnog-učenja-i-evaluacija.pptx
 
IntrotoActiveLearning.ppt
IntrotoActiveLearning.pptIntrotoActiveLearning.ppt
IntrotoActiveLearning.ppt
 
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...
(Microsoft PowerPoint - ULOGA RAZREDNIKA I STRATEGIJE KOMUNIKACIJE.ppt [Samo ...
 
05-skole-bez-suradnika.pdf
05-skole-bez-suradnika.pdf05-skole-bez-suradnika.pdf
05-skole-bez-suradnika.pdf
 
05-skole-bez-suradnika.pptx
05-skole-bez-suradnika.pptx05-skole-bez-suradnika.pptx
05-skole-bez-suradnika.pptx
 
ViO br 4.2013 final.pdf
ViO br 4.2013 final.pdfViO br 4.2013 final.pdf
ViO br 4.2013 final.pdf
 
seminar-izvestaj-vesna.ppt
seminar-izvestaj-vesna.pptseminar-izvestaj-vesna.ppt
seminar-izvestaj-vesna.ppt
 
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx
6.-Rajko-Kosovic_STE (1).pptx
 
1.-RODITELJSKI-1.ppt
1.-RODITELJSKI-1.ppt1.-RODITELJSKI-1.ppt
1.-RODITELJSKI-1.ppt
 
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...Планирање на настава -Изборен предмет  - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
Планирање на настава -Изборен предмет - Сликање, Цртање, Вајарство V - 2 одд...
 
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
 
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).doc
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).docИзборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).doc
Изборен предмет Сликање, Цртање, Вајарство! (1).doc
 
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docx
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docxИзборен предмет-Образование за животни вештини.docx
Изборен предмет-Образование за животни вештини.docx
 
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docx
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docxИзборен-предмет-Театарски-работилници.docx
Изборен-предмет-Театарски-работилници.docx
 
documen.site_-21.pptx
documen.site_-21.pptxdocumen.site_-21.pptx
documen.site_-21.pptx
 
233.pptx
233.pptx233.pptx
233.pptx
 
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.doc
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.docIII.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.doc
III.2h Smernice za popunjavanje izvestaja.doc
 
INOVATIVNI.pptx
INOVATIVNI.pptxINOVATIVNI.pptx
INOVATIVNI.pptx
 

Padot na Berlisnkiot zid.ppt

  • 2. Заклучок:Студената војна никогаш вистински не заврши за Куба и многу делови на Латинска Америка, а веста за нејзиниот крај едвај и да допре до Пјонгјанг и Сеул. За мнозинството од светската популација, кое се уште умира од глад, нечиста вода, излечиви болести и сл. – таа вест е тотално бесмислена. Студената војна II доживува ренесанса таму каде што, всушност, и беше нејзиниот епицентар – во Европа, а се шири со посредство на меѓународните медиуми и предизвикува бранувања, од кои некои профитираат, а некои – не. Пред да се донесе дефинитивен заклучок за тоа дали навистина се наоѓаме пред нова војна, пред Студена војна II, добро е да се потсетиме дека и Студената војна со сиот нејзин категриијален апарат беше само смоквин лист зад кој се криеја многу постари поделби и конфликти.
  • 3. Вовед • На 9 ноември 1989 се случил Падот на Берлинскиот ѕид, еден од најзначајните настани во поновата светска историја, што воедно беше симбол на крахот на тоталитарните комунистички режими во Источна Европа и крајот на идеолошката поделеност во светот, односно Студената војна. • Германија беше поделена од страна на Западните сојузници (САД, Британија, Франција) и Советскиот сојуз на два дела како последица на нејзиниот пораз во Втората светска војна, што подоцна резултираше и со формирање на две различни германски држави: Сојузна Република Германија (Западна) и Германската Демократска Република (Источна). Притоа, беше поделен и германскиот главен град, Берлин. Неговиот источен дел беше прогласен за главен град на ГДР, додека Западниот не се приклучи во СРГ, туку имаше специфичен статус под контрола на Западните сојузници.
  • 4. • За да ги држат своите сопствени граѓани под контрола и да ги спречуваат во нивните обиди за пребегнување на Запад, тоталитарните источно- германски власти започнуваат со подигање на Берлинскиот ѕид во 1961 година, во времето на владеењето на Валтер Улбрихт, а под супервизија на тогашниот секретар за безбедност, Ерих Хонекер, инаку иден лидер на ГДР. Овој монструозен споменик на човечкото лудило, во следните неколку децении ќе однесе и повеќе човечки жртви, кои ќе се обидат да го прескокнат во потрага по послободен живот на Запад, подалеку од теророт на озлогласената источногерманска тајна служба, Штази.
  • 5. • Политиката на „Гласност“ и „Перестројка“ на советскиот лидер Михаил Горбачов доведе до извесна демократизација во СССР, а неговото напуштање на Брежњевата доктрина, ги окуражи опозициските сили во источноевропските земји, да излезат на улиците и да зададат final blow на тоталитарните режими, кои ги угнетуваа сопствените граѓани речиси половина век. Ветриштата на промените ги преминаа границите на Источна Европа, па свој оддек најдоа и во далечната НР Кина. Иако таа не беше во советската сфера на влијание, сепак, охрабрени од посетата на Горбачов, таму се одржаа брутално задушените студентски демонстрации на пекиншкиот плоштад Тјенанмен. Борбата за демократизација ги извојува и првите победи, прва не-комунистичка влада во Источна Европа беше формирана во Полска во август 1989, од страна на синдикатот Солидарност воден од Лех Валеса, за по два месеци, социјализмот да биде напуштен и во Унгарија. Беше само прашање на време кога, како гнили круши, ќе паднат и другите комунистички режими.
  • 6. • Но, сите овие промени воопшто не ги тангираа властите на Германската „Демократска“ Република, државата која тврдеше дека доследно ги следи идеите на германскиот теоретичар на комунизмот, Карл Маркс, со чие име, патем, беше преименуван и еден нејзин град, Кемниц. Дали тие нејзини тврдења беа веродостојни, не се знае, но еве како неа ја опишува актуелниот руски премиер, Владимир Путин, кој во осумдесеттите таму служеше како разузнавач на КГБ: „Тоа беше строго тоталитарна држава според наш образец и пример, но со 30-годишна застареност. Трагедијата беше во тоа што многумина искрено веруваа во сите тие комунистички идеали. Тогаш, си мислев: ако почнат кај нас некакви промени, како ќе се одрази тоа врз судбината на овие луѓе?“.Во 1989 година, Перестројката во СССР беше во полн замав, но источногерманскиот лидер, 77-годишниот Ерих Хонекер, потполно отсечен од реалноста, тврдоглаво се спротивставуваше на било какви реформи и сеуште тврдеше дека „Ѕидот ќе опстои уште 100 години“! Кога есента истата година, во земјата избија масовни демонстрации, решија да го исфрлат од власт. На 18 октомври тој дава оставка, наводно по слободна воља, од здравствени причини, иако се тврди дека чинот бил изнуден под нивен силен притисок. За негов наследник беше избран помладиот, но не и премногу полибералниот Егон Кренц, кој вети некакви реформи, како последен очајнички обид комунистите да се задржат на власт. Масовните, инаку мирни протести, под мотото "Wir Sind Die Volk!" („Ние сме народот!), во кој учествуваа опозициски сили од сите политички „бои“, и либерал- демократски и демохристијански и не-комунистички левичарски, воедно и масовниот егзодус на Источните Германци на Запад, ги натераа властите на извесни отстапки, макар во делот на слободата на патувањето во странство, која тогаш беше особено жешка тема. Имено, тогаш тазе демократизираната Унгарија ги отвори своите граници спрема Австрија. Со оглед дека беше земја на Источниот блок, во која источногерманските граѓани слободно можеа да патуваат, тоа им овозможи, преку нејзините граници непречено да пребегнуваат на Запад. Во таа смисла, источногерманските власти решаваат да воведат привремени, порелаксирани правила за патување,
  • 7.
  • 8. • Попладнето, на историскиот 9 ноември 1989 година, во Источен Берлин, во крајно напната атмосфера, се одржува прес конференција, на која, портпаролот на владеачката партија, Гинтер Шабовски, го обелоденува новиот либерализиран граничен режим. Се наведува дека патувања во странство за физички лица отсега ќе бидат одобрувани на сите граѓани, кои тоа ќе го побараат. По заморното бирократско излагање, во 18 часот и 53 минути започнува неочекувана канонада од прашања на странски новинари,- „Ќе треба ли пасош или не треба?“- се слуша од еден крај на салата, „Дали ова важи и за Западен Берлин?“- се слуша од друга страна, па ако веќе би важело и за Западен Берлин, логично се надоврзува и прашањето „А што ќе биде тогаш со Берлинскиот ѕид?!“. Постои спор околу тоа, од кого од горенаведените новинари било поставено секое одделно прашање, но несомнено, едно од нив е круцијално: „Кога овие нови мерки ќе стапат на сила?“. Шабовски повторно шушка со хартиите за да одговори со историското: „Според моите информации, веднаш“. Се тврди дека одговорот бил недоволно јасно формулиран. Но кому му е веќе гајле, „веднаш“ е ВЕДНАШ. Ерман брза да се јави во Agenzia Nazionale Stampa Associata, при што пророчки им диктира „БЕРЛИНСКИОТ ЅИД ПАДНА!“. Од другата страна на телефонската жица, мислеле дека е луд. Почнува лавина.
  • 9. • Вечерта, илјадници и илјадници граѓани од Источен Берлин, кои ја следеле прес конференцијата на телевизијата и радиото, почнуваат масовен марш кон граничните премини на Берлинскиот ѕид, кои водат до капиталистичкиот Западен Берлин. Граничните служби се најдени во небрано кога кон нив навалува огромна маса народ во еуфорија! Што да се стори, зарем да се отвори оган?! Зар тукутака да се пропуштат луѓето?! Да се бараат или да не се бараат документи?! Какви?! Настанува општа збрка, имено, граничните служби не биле благовремено известени што да прават, а ниту во лудило не би очекувале да се случи вакво нешто! Следуваат очајнички телефонски повици до претпоставените, но ни тие немаат добиено инструкции што да прават, а никој од нив нема храброст да преземе одговорност за евентуално крвопролевање! Народот им скандира на очајните граничари „Отворете ја портата!“. Тензијата е огромна. На крај, победува разумот! Некогаш крајно ригидните источногермански граничари, ја преземаат историската одговорност во свои раце и самоиницијативно решаваат да ги кренат рампите! По речиси полувековна поделба, илјадници Источни Берлинчани слободно зачекоруваат во Западен Берлин, каде со радост се пречекани од своите западни сограѓани во празнична атмосфера. Со капитулацијата на источногерманските власти пред сопствениот народ и со отворањето на границите, Берлинскиот ѕид, кој требаше тие исти граѓани да ги држи подалеку од „пороците“ на „трулиот капитализам“, веќе ја изгуби смислата за своето постоење. Армија млади луѓе вооружени со чекани и длета прејдоа кон негово уништување, но сепак, негови делови се зачувани како сведоштво за една мрачна ера.
  • 10. • На новинарско прашање, „Ви беше ли жал кога се урна Берлинскиот ѕид?“, Путин одговара: Всушност, знаев дека тоа е неизбежно. Искрено да ви кажам, жалев само за загубените позиции на Советскиот сојуз во Европа, иако сфаќав дека позицијата заснована врз ѕидови, не може да постои вечно“.
  • 12. Првата жртва на Берлинскиот ѕид • Теророт на тоталитарната власт во источна Германија, особено спроведувана од злогласната тајна служба Штази, тера многумина да си ја пробаат среќата да пребегаат преку Ѕидот. Некои и успеваат, а многумина паѓаат убиени на лице место. • Една од првите жртви на Ѕидот е младиот 18 годишен студент Петер Фехтер. На 17 Август 1962 г. тој е застрелан од страна на источно- германската стража при обид за прескокнување на Ѕидот, пришто паѓа погоден на ничија земја и тука страда ранет и очајнички повикува за помош пред камерите на западните медиуми. Од Западна страна никој не се осмелува да влезе во тој простор и да му помогне, заради страв од меѓународен инцидент. Ниту источно-германските војници не се осмелуваат да се доближат толку близу до него, плашејќи се од евентуално отворање оган од западната страна. • Така, Петер Фехтер умира после саат време искрвавување на ничија земја, помеѓу Источен и Западен Берлин, помеѓу Источна и Западна Германија, помеѓу Источниот и Западниот блок, среде самиот центар на поделениот свет.
  • 13. Изненадени Западни Германци • Владата на СРГ беше изненадена од настаните кои се одвиваа многу брзо. Граѓаните на дотогашната источно-германска творба многу брзо по паѓањето на Ѕидот побараа повторно обединување на поделена Германија. Поранешниот канцелар и лидер на Социјалдемократската партија на Западна Германија, Вили Брант им даде надеж во таа насока: „Сраснува она, што припаѓа едно на друго!“ • Тогашниот канцелар Хелмут Кол на 19 декември 1989 година патува во Дрезден во посета на новиот премиер на ГДР, Ханс Модров. Западногерманскиот канцелар наидува на одушевен дочек и уште истата вечер го држи познатиот говор пред урнатините на катедралата во Дрезден. „ Моја цел останува единството на нашата нација, доколку тоа го дозволи историскиот миг. Нашата куќа, Германија, мора да биде изградена под европскиот покрив. Тоа мора да биде целта на нашата политика.“ • Само 10 месеци подоцна, на 3 октомври 1990 година повторното обединување на Германија доби правна завршница. Повторното единство на Германија, пак, беше предуслов за надминувањето на поделбата на Европа на Западен и Источен блок, што се најде на дневниот ред во наредните години.
  • 14. Дебата на тема:Дали студената војна навистина заврши • За мнозинството земји во светот Студената Војна заврши со распадот на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт и со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на источна и западна Германија во една држава. • Но по терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, американската окупација на Авганистан и Ирак, светските супер-сили, особено САД и Русија повторно инвестираат се повеќе и повеќе во своето вооружување. Иако сега за сега само на хартија се прават подготовки за нуклеарно разоружување, останатиот вид на вооружување добива на технолошка брзина и финансии. Во септември 2007 Русија успешно ја има тестирано најголемата вакуумска бомба во светот "Татко на сите бомби", помоќна од американската "Мајка на сите бомби". Светската економска криза од 2008 остави зад себеси милиони луѓе низ светот без работа, а американската економија, руската економија, како и европските и сите останати економии во светот претрпеа огромни загуби. Ова многу експерти го сметаат како фитил за почеток на Втора Студена Војна. Многумина велат дека таа е почната уште во 1999 со бомбардирањата на Југославија од страна на НАТО. • Некои велат дека Студената Војна никогаш не заврши, туку дека на кратко е прекината со таканаречен привремен 10 годишен "прекин на огнот", во текот на 1990-те. Војната против тероризмот од страна на коалицијата предводена од страна на САД се смета како прв тест за подготвеноста на западните сили за војување во 21-от век. 9 дневната Јужноосетиска војна во Грузија која што се одвиваше од 7 август до 16 август 2008 се смета како прв тест за подготвеноста на руските сили за војување во 21-от век. Кина се очекува до крајот на првата половина на 21-от век да биде водечка светска сила, економски, воено и технолошки, иако веќе од 2009 очите од земјите низ целиот свет се вперени во неа, а не во САД и во европските земји за спас од последиците од економската криза од 2008. • Исто така се поставува прашањето: "Зошто НАТО се уште постои ?", бидејќи првичната цел на НАТО поради која што беше основан, бранењето на некомунистичките земји од комунизмот заврши успешно. Некои експерти велат дека земјите-членки на НАТО се свесни дека Студената Војна никогаш не заврши, туку дека само се сменија имињата на завојуваните страни и бојното поле и дека затоа НАТО се уште постои. Со брзата победа на Русија во 9 дневната војна во Грузија во 2008, Русија ги демонстрираше својата воена моќ и своето влијание, што на големо ги загрижи земјите- членки на НАТО, бидејќи Грузија е претендент за полноправно членство во НАТО, а нејзината армија се смета како пример за професионална НАТО-армија.