2. вовед
ADD A FOOTER 2
Шар Планина е еден од најголемите и
највисоките планински масиви во Македонија.
Сместена е во северозападниот дел на земјата.
Попова Шапка има изоблиство на шумски
плодови, боровинки, шумски јагоди и печурки, а
во нејзината околина се простираат и неколку
глацијални езера
Најкарактеристичната одлика на Попова Шапка
е тоа што половина година е прекриена со снег.
Овде снегот паѓа од ноември до мај и со својата
смирувачка убавина ги кани сите миленици на
зимските спортови.
3. Туристичкиот центар Попова Шапка е
сместен во срцето на шарпланинскиот
масив, на просечна надморска височина од
1700 метри.Поради тоа што се одликува со
голем број сончеви денови, во летниот
период претставува појдовно место за
неколку планински искачувања и прошетки
по живописните пејзажи, а теренот е
идеален и за љубителите на
велосипедизмот .Секое лето овде се
одржува планински велосипедски маратон
„Шарски Води“.
ADD A FOOTER 3
Туристички центар
Попова Шапка
4. Врвови на Шар Планина
Како што е познато, Шар Планина (Титов Врв, 2747 m) е втора
по височина планинска структура во Република Македонија,
по корапскиот планински масив (Голем Кораб, 2753 m). Сепак,
според површината над 2000 m (на територијата на
Република Македонија), таа е убедливо најдоминантна, со
речиси 180 квадратни km, што е половина од површината над
2000 m на сите (12) високи планини заедно. Затоа не е ни
чудно што оваа планина има убедливо најголем број високи
врвови (над 2000 m).
Бидејќи во географската литература се споменува различен
број на врвови на Шар Планина повисоки од 2000 метри, со
комбинација од повеќе постапки се потрудивме да го
добиеме нивниот точен број.
5. 5
ADD A FOOTER
Шар Планина „може да се пофали“ со 3 врва над 2700 m, и тоа највисокиот –
Титов Врв, со 2748 m, потоа Бакрдан со 2704 m и Мал Турчин, со 2702 m.
Трите врва се поставени во вид на триаголник, меѓусебно раздалечени само
1-1,5 km. Просторно гледано, две третини од високите врвови на Шар
Планина се наоѓаат на главното планинско било на границата со Косово, а
останатите најмногу се сконцентрирани во подрачјето околу Титов Врв.
Титов Врв
6. Се смета дека после Рила, Шар
Планина претставува планина најбогата
со леднички езера на Балканскиот
Полуостров. Вкупно на планинскиот
масив регистрирани се 39 вакви езера,
25 постојани и 14 повремени, а на
територијата на Република Македонија
ги има 19. Сите се наоѓаат во појасот
помеѓу 1820 и 2440 метри н.м.в. и
нивниот постанок во целост е врзан за
периодот на глацијација и
интерглацијација.
Глацијални
езера на Шар
Планина
7. Боговињско Езеро: Езерото се наоѓа
меѓу Бриставец и Мала Смрека на 1.960
m надморска вицина и спаѓа во групата
на валовски акомулациони езера.
Долго е 452 метри, широко 225 метри и
длабоко 2,20 метри.
Должината на бреговата линија му
изнесува 1200 метри, а површината
66880 m² со што претставува најголемо
ледничко езеро во Република
Македонија.
Во текот на сончевите летни денови
водата се загрева до околу 15°C, а во
текот на зимата езерото е под мраз.
Баговињско
Езеро
8. Големо
Караниколичко
Езеро
8
ADD A FOOTER
Трето според површината која ја зафаќа (26240 m²) и прво
според длабочината од 5,6 метри е Големото
Караниколичко Езеро.
Тоа се наоѓа во еден од најпристапните циркови на Шар
Планина, на падините на Кара Никола, на надморска
височина од 2180 метри.
Бојата на езерската вода во плитките делови е
светлозелена, а во подлабоките темносина со провидност
до околу 3,6 метри.
Ова езеро располага и со најтопла вода во текот на
летните месеци чиј што индекс е над 18°C, а често дури и
до 23°C
9. Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно
со Црното и Боговињското Езеро.
Ова е едно од најубавите шарски езера,
кое има постојан водостој, без разлика на
атмосферските талози. Хранењето на
езерото се врши со изворите кои се
наоѓаат во неговата непосредна близина и
со топењето на ледниците, додека пак се
празни преку истека, која се влива во
Боговињска Река.
Негова карактеристичност е големата
проѕирност на водата.
Вкупниот обем му изнесува 540 метри и
има елипсовидна форма. Има површина
од 18.000 м².
Бело езеро