SlideShare una empresa de Scribd logo
1 de 23
© OECD
Ревизија на расходи поврзани со
КОВИД-19
Стратегијата на ВРИ за одговор на КОВИД-
19 – ревизии на усогласеност како една од
алатките
Марита Салграве
поранешен раководител за стратегија и развој, ДЗР на
Латвија
Виртуелна работилница – 17 февруари 2021 година
Мрежа на ВРИ на земјите кандидати и потенцијални кандидати за
членство во ЕУ и ЕСР
1
Вонредни состојби – дали ВРИ треба веднаш да реагираат? Ако
треба, тогаш како?
Состојба за време на првите 2-4 недели откако беа
идентификувани првите пациенти -
 Збунети влади и собранија (балансираа помеѓу потребата од
итни мерки и ограничувањата на правната рамка / управните
постапки);
 Очајна потреба за совети – внатрешни или надворешни;
 ВРИ во очите на носителите на одлуки и на пошироката јавност
е водач на кој другите може да се огледаат и е еден од
почитуваните советници.
2
Дали ВРИ треба да одговори на состојбата?
Ние сме ревизори – природата на нашата работа обично е ex-post.
Ние немаме информации и искуство да дадеме професионален
совет;
Ограничено време (денови!) за ВРИ да донесе одлуки за
управувањето;
‘Воздржувањето’ и следењето се чини полесно и може да биде
оправдано, меѓутоа –
А да останеме релевантни (ИССАИ 12 и не само тоа)?
3
Како ВРИ да одговори на ситуацијата за да „остане релевантна“?
 Да се прифатат ‘компромиси’ помеѓу улогата на чувар и
поактивен советник на владата.
(Да се објавуваат извештаи од штотуку извршени ревизии и/или
да се одложат тековните ревизии за да се дозволи владата да се
фокусира на пандемијата? Да се продолжи со ревизиите, а само
да се изменат методите на работа? Итно да се измени
годишниот план за ревизија за да се фокусира на итните
расходи? Итн. ...
 Да се понуди ‘производот’ што ние, како ВРИ, знаеме како да го
произведеме – ревизорските извештаи, само поинаку;
 Да се бара офлајн партнерство со други ВРИ.
4
Слика од веб страницата на ДЗР (информации објавени во април
2020)
https://www.lrvk.gov.lv/en/news/the-state-audit-office-calls-for-responsibility-and-
mutual-support
5
На што се фокусираше изменетиот Годишен план за
ревизија?
 Област на интервенција 1*: Ревидирање на минимум 90% од
‘вонредните’ трошоци распределени за справување со КОВИД-19
(средства за непредвидени ситуации и буџетски прераспределби
поврзани со КОВИД-19) – постигнување на целите на усогласен
начин;
 Област на интервенција 2: Ревидирање на трошоците од
таканаречените приоритетни мерки (нови иницијативи од владата
вклучени во буџетот за 2020 година пред пандемијата) –
постигнување на целите на усогласен начин;
 Област на интервенција 3: ефикасност на заштедите во
‘редовните’ трошоци на јавните институции;
 Област на интервенција 4: Ревизии кои првично беа вклучени во
Годишниот план за ревизија за 2020 година на ДЗР на Латвија.
* Трошоците поврзани со КОВИД-19 за 2020 година се ~ 2 милијарди евра.
6
Субјекти предмет на ревизија
Сите институции кои го добија главниот дел од вонредните трошоци.
На пример, ‘вонредни’ средства доделени за:
 шеми за поддршка на вработувањето (шеми за периодот на
мирување за вработените погодени од КОВИД-19);
 набавка на лична заштитна опрема (ЛЗО);
 обезбедување на процесот на учење на далечина во училиштата;
 финансирање студии во врска со ублажувањето на ефектите од
КОВИД-19;
 сите видови социјална помош кои ги дава секторот за социјална
помош;
 подигнување на јавната свест за теми поврзани со КОВИД-19;
 изградба на патишта;
 зголемување на капиталот на претпријатијата во државна
сопственост во областа на транспортот;
 зголемување на капиталот на поголемите болници;
 надоместок за дополнителниот обем на работа за лекарите и
другите вработени, итн.
7
Видови ревизија кои ги користеше ДЗР на Латвија за
ревидирање на трошоците поврзани со КОВИД-19
1) Финансиска ревизија на финансиските извештаи за 2020 година
на јавните институции
Трошоците за КОВИД-19 се сметаа како проверка на
усогласеноста во рамки на финансиската ревизија со различен
ревизорски пристап; резултатите од ревизијата беа резимирани
во времен извештај, кој беше издаден одделно и не се чекаше да
се финализираат финансиските ревизии). Всушност,
финансиските ревизии се претворија во комбинирани финансиски
ревизии/ревизии на усогласеност – бидејќи проверките на
усогласеноста навлегоа подлабоко од ИССАИ 2250 ‘Разгледување
на законите и прописите’.
2) Ревизија на усогласеност на специфични предмети
8
Ревизија на трошоците поврзани со КОВИД 19 - напредок
https://www.lrvk.gov.lv/en/covid-19/auditing-covid-19-emergency-
spending/completed-audits
 17 ревизорски извештаи во врска со КОВИД-19; 13 се во тек;
 Малку се доцни, но во моментов се напредува (1 извештај во период од
2 недели).
9
Примери на теми за трошоци поврзани со КОВИД-19 кои веќе се
опфатени
 Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор (20.07.2020).
 Систем за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време
на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за
внатрешни работи за набавката на лична заштитна опрема и средства за дезинфекција
(02.09.2020).
 Обезбедување на процес на учење на далечина за време на вонредна состојба (30.09.2020).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации за бонуси за службениците од
Министерството за внатрешни работи за спречување на ширењето на КОВИД-19 (13.10.2020).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации на Министерството за социјална политика
за исплата на продолжен родителски надоместок, вонреден бонус на националниот семеен
надоместок за дете со посебни потреби и зголемен надоместок за грижа на дете (26.11.2020).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за правда за
бонуси за вработените во затворите кои се директно вклучени во спречување на ширењето на
КОВИД-19 (14.12.2020).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Фондот за социјална
интеграција и на Националниот совет за електронски масовни медиуми за медиумска
поддршка за да се обезбеди дека јавноста има пристап до информации за надминување на
кризата со КОВИД-19, како и за да се гарантира безбедноста на националниот информациски
простор во комерцијалните електронски масовни медиуми (22.12.2020).
 Оценување на инвестициите на МЕУР 190 во капитал во акционерското друштво „Development
Financial Institution Altum“ за поддршка на економските оператори кои се во тешка положба
поради избивањето на КОВИД-19 (15.01.2021).
 Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за
здравство за бонуси за медицинскиот персонал во здравствениот сектор бидејќи работат во
хипердинамична средина со висок ризик (10.02.2021).
…
10
Примери на ревизии на усогласеност за трошоците поврзани со
КОВИД-19 ќе бидат прикажани понатаму
 «Процес на испорака на лична заштитна опрема во
здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?» (20.07.2020)
 «Систем за набавки воспоставен од Министерството за
одбрана и набавките извршени за време на вонредната
состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19»
(17.08.2020)
11
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“
Вовед:
 Постапката за набавка на ЛЗО беше спроведена од
Националната здравствена служба (НЗС) и Службата за итна
помош (СИП);
 Временски период – почетокот на март до 2 април 2020 година,
кога обврската за набавката беше преземена од секторот за
одбрана.
 беа потрошени 5,7 милиони евра и беа ангажирани пет
доставувачи.
12
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 1
Ревизорите бараа одговори на следниве прашања:
 Дали системот за цивилна одбрана, општо, беше подготвен да ја
обезбеди бараната количина на ЛЗО во вонредна состојба?
 Дали Министерството за здравство беше подготвено да делува
веднаш и во согласност со законот за да обезбеди ЛЗО?
 Како беа организирани постапките за набавки во Министерството
за здравство?
 Како беше извршена процената на потребите за ЛЗП од сите
сектори?
 Како беше тестирана усогласеноста на испорачаната ЛЗО?
Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на
„регуларност“
13
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 2
Главни наоди –
1) Одредбите од Законот за јавните набавки беа „замрзнати“, а
насоките за набавките во вонредна состојба беа издадени од МФ
и Бирото за јавни набавки речиси два месеци подоцна (29 април)
– поради што службениците делуваа врз основа на сопственото
разбирање на нивните права/должности и немаше
транспарентност;
2) Повеќе одлуки за техничките спецификации на ЛЗО, процесот на
испорака и изборот на доставувачите беа извршени еднострано
– недостигаа „дополнителни две очи“, што доведе до висок ризик
од корупција;
3) Дејствијата и одлуките на носителите на одлуки не беа воопшто
документирани за време на целиот процес;
4) Списокот на понудувачи не беше објавен, што ги ограничи
можностите актерите на пазарот да „алармираат“ за
потенцијални случаи на злоупотреба од аспект на превисоки
цени и можности за испорака
14
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 3
Предизвик на ДЗР бр.1 – критериуми на ревизијата на усогласеност
 Релевантна правна рамка – „замрзната“ или одложена;
 Отсуство на насоки за субјектите на ревизија и за
ревизорите;
 Немање пристап до добри практики во слични ситуации.
Предизвик на ДЗР бр.2 – недокументирани процеси (методи на
ревизија?)
Друг предизвик – паралелна истрага од „аналитички медиуми“
15
Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна
опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може
да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 4
Применетиот пристап –
 Критериуми – (1) врз основа на професионалното расудување на
ревизорот, како требал да постапи субјектот на ревизија во
дадените околности; (2) делумно произлезени од насоките
издадени ex-post од МФ и Бирото за јавни набавки
 Методи на ревизија – интервјуа, проверка на е-пошти, па дури и
на – WhatsApp пораки; колку што е можно да се реконструираат
процесите врз основа на исходот од интервенциите.
16
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020)
Вовед:
 Од 2 април 2020 година, набавката на ЛЗО ја презема Центарот
во рамки на Министерството за одбрана;
 Центарот беше задолжен за набавката на ЛЗО на централно ниво
врз основа на листа со приоритетни потреби на институциите,
како и за да обезбеди складирање на ЛЗО по нејзината испорака;
 На 21 април 2020 година, владата додели МЕУР 45 за оваа
набавка;
 До денот на завршување на ревизијата, Центарот имаше
потпишано 29 договори за набавка на стоки за вкупно МЕУР 38,9.
17
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 1
Ревизорите бараа одговори на следниве прашања :
1) Дали постапката за централизирана набавка воспоставена во
Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и
насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните
набавки и
2) Дали ЛЗО која е набавена е во согласност со утврдената
постапка за набавка.
Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на
„регуларност“
18
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 2
Главни наоди –
1) постапката за централизирана набавка воспоставена од
Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и
насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните
набавки, меѓутоа
2) воспоставената постапка за набавка содржеше одредби слични
на „замрзнатиот“ Закон за јавните набавки, што резултираше со
долг, оптоварен и бирократски процес (договорите се потпишуваа
15-30 дена по изборот на доставувачите);
3) Министерството за одбрана не ја измени проактивно првично
воспоставената постапка кога ситуацијата од аспект на
епидемиолошката безбедност се стабилизираше и пазарот веќе
можеше да ја задоволи побарувачката (се занемари фокусот на
„ЕЕЕ“);
4) Поради заостанатите работи како резултат на комплицираната
постапка, ревизорите не добија уверување дека ЛЗО беше
набавена врз основа на економски најповолната понуда.
19
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 3
Предизвици на ДЗР:
 Ревизорските критериуми лесно се дефинираа (усогласеност со
законската постапка; усогласеност на дејствијата со постапката),
меѓутоа, обемот на документи беше преголем;
 Аспекти од ревизијата на успешност („ЕЕЕ“) влегоа во игра за
време на процесот на ревизија.
20
Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од
Министерството за одбрана и набавките извршени за време на
вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19
(17.08.2020) – продолж. 4
Препораки:
 Итна изработка на Национален план за цивилна заштита (не
постои веќе 3 години) и ажурирање на Националниот план за
здравствена катастрофа;
 Ажурирање на постапката за централизирани набавки која ја
применува Центарот за да се обезбеди можност системот да
одговори на постојаните промени во епидемиолошката средина и
да може да се обезбеди почитување на принципите за „ЕЕЕ“.
21
Дополнителни чекори кои ДЗР ги презема по завршување на 3
ревизии за ЛЗО во различни сектори (здравство, одбрана и
внатрешни работи)
Покрај испраќање на поединечните ревизорски извештаи до
ревидираните субјекти и до Премиерот, ДЗР се понуди да помогне
да ја види „целата слика“, концептуализираните наоди да служат
како патоказ за наредни вонредни состојби.
https://www.lrvk.gov.lv/en/news/state-audit-office-submits-proposals-to-
the-prime-minister-after-audits-of-covid-19-related-procurements
22
Ви благодарам на вниманието!
Фотографии од веб страницата: depositphotos

Más contenido relacionado

Más de Support for Improvement in Governance and Management SIGMA

Más de Support for Improvement in Governance and Management SIGMA (20)

PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Ukraine roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Ukraine roadmap.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Ukraine roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Ukraine roadmap.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Moldova roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Moldova roadmap.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Moldova roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Moldova roadmap.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -CAF Armenia roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -CAF Armenia roadmap.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -CAF Armenia roadmap.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -CAF Armenia roadmap.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - Financial support tu PAR in Montenegro....
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - Financial support tu PAR in Montenegro....PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - Financial support tu PAR in Montenegro....
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - Financial support tu PAR in Montenegro....
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
 
Photo gallery - SIGMA-GIZ Academies on QM - Stage 1.pdf
Photo gallery - SIGMA-GIZ Academies on QM - Stage 1.pdfPhoto gallery - SIGMA-GIZ Academies on QM - Stage 1.pdf
Photo gallery - SIGMA-GIZ Academies on QM - Stage 1.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - prezentacija gsb podgorica.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - prezentacija gsb podgorica.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - prezentacija gsb podgorica.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - prezentacija gsb podgorica.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF-MONTENEGRO-29-FEB.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF-MONTENEGRO-29-FEB.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF-MONTENEGRO-29-FEB.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF-MONTENEGRO-29-FEB.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Georgia.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Georgia.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Georgia.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF Georgia.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - QM Roadmapping Day 2 and 3.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - QM Roadmapping Day 2  and 3.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - QM Roadmapping Day 2  and 3.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - QM Roadmapping Day 2 and 3.pdf
 
Academies-QM_Stage1_Ministry of Higher Education CAF.pdf
Academies-QM_Stage1_Ministry of Higher Education CAF.pdfAcademies-QM_Stage1_Ministry of Higher Education CAF.pdf
Academies-QM_Stage1_Ministry of Higher Education CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - ReSPA and CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - ReSPA and CAF.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - ReSPA and CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - ReSPA and CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Bosnia Herzegovina CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Bosnia Herzegovina CAF.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Bosnia Herzegovina CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Bosnia Herzegovina CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Montenegro CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Montenegro CAF.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Montenegro CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Montenegro CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - North Macedonia CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - North Macedonia CAF.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - North Macedonia CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - North Macedonia CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF in Ukraine.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF in Ukraine.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF in Ukraine.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - CAF in Ukraine.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Serbia CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Serbia CAF.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Serbia CAF.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 -Serbia CAF.pdf
 
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdfPPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
PPT - SIGMA-GIZ Academies - Stage 1 - SIGMA opening.pdf
 
Omnichannel management, by Willem Pieterson - SIGMA Webinars on service desig...
Omnichannel management, by Willem Pieterson - SIGMA Webinars on service desig...Omnichannel management, by Willem Pieterson - SIGMA Webinars on service desig...
Omnichannel management, by Willem Pieterson - SIGMA Webinars on service desig...
 
eZdravlje, by Vladimir Raickovic - SIGMA Webinars on service design and deliv...
eZdravlje, by Vladimir Raickovic - SIGMA Webinars on service design and deliv...eZdravlje, by Vladimir Raickovic - SIGMA Webinars on service design and deliv...
eZdravlje, by Vladimir Raickovic - SIGMA Webinars on service design and deliv...
 

SAI strategy for response to COVID-19, compliance audit, Marita Salgrave, Latvia, SIGMA event 17 February 2021 (Macedonian)

  • 1. © OECD Ревизија на расходи поврзани со КОВИД-19 Стратегијата на ВРИ за одговор на КОВИД- 19 – ревизии на усогласеност како една од алатките Марита Салграве поранешен раководител за стратегија и развој, ДЗР на Латвија Виртуелна работилница – 17 февруари 2021 година Мрежа на ВРИ на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ и ЕСР
  • 2. 1 Вонредни состојби – дали ВРИ треба веднаш да реагираат? Ако треба, тогаш како? Состојба за време на првите 2-4 недели откако беа идентификувани првите пациенти -  Збунети влади и собранија (балансираа помеѓу потребата од итни мерки и ограничувањата на правната рамка / управните постапки);  Очајна потреба за совети – внатрешни или надворешни;  ВРИ во очите на носителите на одлуки и на пошироката јавност е водач на кој другите може да се огледаат и е еден од почитуваните советници.
  • 3. 2 Дали ВРИ треба да одговори на состојбата? Ние сме ревизори – природата на нашата работа обично е ex-post. Ние немаме информации и искуство да дадеме професионален совет; Ограничено време (денови!) за ВРИ да донесе одлуки за управувањето; ‘Воздржувањето’ и следењето се чини полесно и може да биде оправдано, меѓутоа – А да останеме релевантни (ИССАИ 12 и не само тоа)?
  • 4. 3 Како ВРИ да одговори на ситуацијата за да „остане релевантна“?  Да се прифатат ‘компромиси’ помеѓу улогата на чувар и поактивен советник на владата. (Да се објавуваат извештаи од штотуку извршени ревизии и/или да се одложат тековните ревизии за да се дозволи владата да се фокусира на пандемијата? Да се продолжи со ревизиите, а само да се изменат методите на работа? Итно да се измени годишниот план за ревизија за да се фокусира на итните расходи? Итн. ...  Да се понуди ‘производот’ што ние, како ВРИ, знаеме како да го произведеме – ревизорските извештаи, само поинаку;  Да се бара офлајн партнерство со други ВРИ.
  • 5. 4 Слика од веб страницата на ДЗР (информации објавени во април 2020) https://www.lrvk.gov.lv/en/news/the-state-audit-office-calls-for-responsibility-and- mutual-support
  • 6. 5 На што се фокусираше изменетиот Годишен план за ревизија?  Област на интервенција 1*: Ревидирање на минимум 90% од ‘вонредните’ трошоци распределени за справување со КОВИД-19 (средства за непредвидени ситуации и буџетски прераспределби поврзани со КОВИД-19) – постигнување на целите на усогласен начин;  Област на интервенција 2: Ревидирање на трошоците од таканаречените приоритетни мерки (нови иницијативи од владата вклучени во буџетот за 2020 година пред пандемијата) – постигнување на целите на усогласен начин;  Област на интервенција 3: ефикасност на заштедите во ‘редовните’ трошоци на јавните институции;  Област на интервенција 4: Ревизии кои првично беа вклучени во Годишниот план за ревизија за 2020 година на ДЗР на Латвија. * Трошоците поврзани со КОВИД-19 за 2020 година се ~ 2 милијарди евра.
  • 7. 6 Субјекти предмет на ревизија Сите институции кои го добија главниот дел од вонредните трошоци. На пример, ‘вонредни’ средства доделени за:  шеми за поддршка на вработувањето (шеми за периодот на мирување за вработените погодени од КОВИД-19);  набавка на лична заштитна опрема (ЛЗО);  обезбедување на процесот на учење на далечина во училиштата;  финансирање студии во врска со ублажувањето на ефектите од КОВИД-19;  сите видови социјална помош кои ги дава секторот за социјална помош;  подигнување на јавната свест за теми поврзани со КОВИД-19;  изградба на патишта;  зголемување на капиталот на претпријатијата во државна сопственост во областа на транспортот;  зголемување на капиталот на поголемите болници;  надоместок за дополнителниот обем на работа за лекарите и другите вработени, итн.
  • 8. 7 Видови ревизија кои ги користеше ДЗР на Латвија за ревидирање на трошоците поврзани со КОВИД-19 1) Финансиска ревизија на финансиските извештаи за 2020 година на јавните институции Трошоците за КОВИД-19 се сметаа како проверка на усогласеноста во рамки на финансиската ревизија со различен ревизорски пристап; резултатите од ревизијата беа резимирани во времен извештај, кој беше издаден одделно и не се чекаше да се финализираат финансиските ревизии). Всушност, финансиските ревизии се претворија во комбинирани финансиски ревизии/ревизии на усогласеност – бидејќи проверките на усогласеноста навлегоа подлабоко од ИССАИ 2250 ‘Разгледување на законите и прописите’. 2) Ревизија на усогласеност на специфични предмети
  • 9. 8 Ревизија на трошоците поврзани со КОВИД 19 - напредок https://www.lrvk.gov.lv/en/covid-19/auditing-covid-19-emergency- spending/completed-audits  17 ревизорски извештаи во врска со КОВИД-19; 13 се во тек;  Малку се доцни, но во моментов се напредува (1 извештај во период од 2 недели).
  • 10. 9 Примери на теми за трошоци поврзани со КОВИД-19 кои веќе се опфатени  Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор (20.07.2020).  Систем за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020).  Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за внатрешни работи за набавката на лична заштитна опрема и средства за дезинфекција (02.09.2020).  Обезбедување на процес на учење на далечина за време на вонредна состојба (30.09.2020).  Користење на средствата за непредвидени ситуации за бонуси за службениците од Министерството за внатрешни работи за спречување на ширењето на КОВИД-19 (13.10.2020).  Користење на средствата за непредвидени ситуации на Министерството за социјална политика за исплата на продолжен родителски надоместок, вонреден бонус на националниот семеен надоместок за дете со посебни потреби и зголемен надоместок за грижа на дете (26.11.2020).  Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за правда за бонуси за вработените во затворите кои се директно вклучени во спречување на ширењето на КОВИД-19 (14.12.2020).  Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Фондот за социјална интеграција и на Националниот совет за електронски масовни медиуми за медиумска поддршка за да се обезбеди дека јавноста има пристап до информации за надминување на кризата со КОВИД-19, како и за да се гарантира безбедноста на националниот информациски простор во комерцијалните електронски масовни медиуми (22.12.2020).  Оценување на инвестициите на МЕУР 190 во капитал во акционерското друштво „Development Financial Institution Altum“ за поддршка на економските оператори кои се во тешка положба поради избивањето на КОВИД-19 (15.01.2021).  Користење на средствата за непредвидени ситуации доделени на Министерството за здравство за бонуси за медицинскиот персонал во здравствениот сектор бидејќи работат во хипердинамична средина со висок ризик (10.02.2021). …
  • 11. 10 Примери на ревизии на усогласеност за трошоците поврзани со КОВИД-19 ќе бидат прикажани понатаму  «Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?» (20.07.2020)  «Систем за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19» (17.08.2020)
  • 12. 11 Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?“ Вовед:  Постапката за набавка на ЛЗО беше спроведена од Националната здравствена служба (НЗС) и Службата за итна помош (СИП);  Временски период – почетокот на март до 2 април 2020 година, кога обврската за набавката беше преземена од секторот за одбрана.  беа потрошени 5,7 милиони евра и беа ангажирани пет доставувачи.
  • 13. 12 Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 1 Ревизорите бараа одговори на следниве прашања:  Дали системот за цивилна одбрана, општо, беше подготвен да ја обезбеди бараната количина на ЛЗО во вонредна состојба?  Дали Министерството за здравство беше подготвено да делува веднаш и во согласност со законот за да обезбеди ЛЗО?  Како беа организирани постапките за набавки во Министерството за здравство?  Како беше извршена процената на потребите за ЛЗП од сите сектори?  Како беше тестирана усогласеноста на испорачаната ЛЗО? Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на „регуларност“
  • 14. 13 Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 2 Главни наоди – 1) Одредбите од Законот за јавните набавки беа „замрзнати“, а насоките за набавките во вонредна состојба беа издадени од МФ и Бирото за јавни набавки речиси два месеци подоцна (29 април) – поради што службениците делуваа врз основа на сопственото разбирање на нивните права/должности и немаше транспарентност; 2) Повеќе одлуки за техничките спецификации на ЛЗО, процесот на испорака и изборот на доставувачите беа извршени еднострано – недостигаа „дополнителни две очи“, што доведе до висок ризик од корупција; 3) Дејствијата и одлуките на носителите на одлуки не беа воопшто документирани за време на целиот процес; 4) Списокот на понудувачи не беше објавен, што ги ограничи можностите актерите на пазарот да „алармираат“ за потенцијални случаи на злоупотреба од аспект на превисоки цени и можности за испорака
  • 15. 14 Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 3 Предизвик на ДЗР бр.1 – критериуми на ревизијата на усогласеност  Релевантна правна рамка – „замрзната“ или одложена;  Отсуство на насоки за субјектите на ревизија и за ревизорите;  Немање пристап до добри практики во слични ситуации. Предизвик на ДЗР бр.2 – недокументирани процеси (методи на ревизија?) Друг предизвик – паралелна истрага од „аналитички медиуми“
  • 16. 15 Пример на ревизија 1: „Процес на испорака на лична заштитна опрема во здравствениот сектор – дали недоволните прописи може да ги оправдаат избрзаните одлуки?“– продолж. 4 Применетиот пристап –  Критериуми – (1) врз основа на професионалното расудување на ревизорот, како требал да постапи субјектот на ревизија во дадените околности; (2) делумно произлезени од насоките издадени ex-post од МФ и Бирото за јавни набавки  Методи на ревизија – интервјуа, проверка на е-пошти, па дури и на – WhatsApp пораки; колку што е можно да се реконструираат процесите врз основа на исходот од интервенциите.
  • 17. 16 Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020) Вовед:  Од 2 април 2020 година, набавката на ЛЗО ја презема Центарот во рамки на Министерството за одбрана;  Центарот беше задолжен за набавката на ЛЗО на централно ниво врз основа на листа со приоритетни потреби на институциите, како и за да обезбеди складирање на ЛЗО по нејзината испорака;  На 21 април 2020 година, владата додели МЕУР 45 за оваа набавка;  До денот на завршување на ревизијата, Центарот имаше потпишано 29 договори за набавка на стоки за вкупно МЕУР 38,9.
  • 18. 17 Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020) – продолж. 1 Ревизорите бараа одговори на следниве прашања : 1) Дали постапката за централизирана набавка воспоставена во Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните набавки и 2) Дали ЛЗО која е набавена е во согласност со утврдената постапка за набавка. Белешка: Ревизија на „исправност“ наместо ревизија на „регуларност“
  • 19. 18 Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020) – продолж. 2 Главни наоди – 1) постапката за централизирана набавка воспоставена од Министерството за одбрана е во согласност со правната рамка и насоките издадени од МФ и од Бирото за следење на јавните набавки, меѓутоа 2) воспоставената постапка за набавка содржеше одредби слични на „замрзнатиот“ Закон за јавните набавки, што резултираше со долг, оптоварен и бирократски процес (договорите се потпишуваа 15-30 дена по изборот на доставувачите); 3) Министерството за одбрана не ја измени проактивно првично воспоставената постапка кога ситуацијата од аспект на епидемиолошката безбедност се стабилизираше и пазарот веќе можеше да ја задоволи побарувачката (се занемари фокусот на „ЕЕЕ“); 4) Поради заостанатите работи како резултат на комплицираната постапка, ревизорите не добија уверување дека ЛЗО беше набавена врз основа на економски најповолната понуда.
  • 20. 19 Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020) – продолж. 3 Предизвици на ДЗР:  Ревизорските критериуми лесно се дефинираа (усогласеност со законската постапка; усогласеност на дејствијата со постапката), меѓутоа, обемот на документи беше преголем;  Аспекти од ревизијата на успешност („ЕЕЕ“) влегоа во игра за време на процесот на ревизија.
  • 21. 20 Пример на ревизија 2: Системот за набавки воспоставен од Министерството за одбрана и набавките извршени за време на вонредната состојба за да се спречи ширењето на КОВИД-19 (17.08.2020) – продолж. 4 Препораки:  Итна изработка на Национален план за цивилна заштита (не постои веќе 3 години) и ажурирање на Националниот план за здравствена катастрофа;  Ажурирање на постапката за централизирани набавки која ја применува Центарот за да се обезбеди можност системот да одговори на постојаните промени во епидемиолошката средина и да може да се обезбеди почитување на принципите за „ЕЕЕ“.
  • 22. 21 Дополнителни чекори кои ДЗР ги презема по завршување на 3 ревизии за ЛЗО во различни сектори (здравство, одбрана и внатрешни работи) Покрај испраќање на поединечните ревизорски извештаи до ревидираните субјекти и до Премиерот, ДЗР се понуди да помогне да ја види „целата слика“, концептуализираните наоди да служат како патоказ за наредни вонредни состојби. https://www.lrvk.gov.lv/en/news/state-audit-office-submits-proposals-to- the-prime-minister-after-audits-of-covid-19-related-procurements
  • 23. 22 Ви благодарам на вниманието! Фотографии од веб страницата: depositphotos