Se ha denunciado esta presentación.
Utilizamos tu perfil de LinkedIn y tus datos de actividad para personalizar los anuncios y mostrarte publicidad más relevante. Puedes cambiar tus preferencias de publicidad en cualquier momento.

Легенди и преданија

18.091 visualizaciones

Publicado el

Publicado en: Educación
  • Sé el primero en comentar

Легенди и преданија

  1. 1. ,,Приказните спијат насекаде :в планина,врз некоја карпа цврста, или пак во некое полско цвеќе, а најмногу сакаат да заспијат во срцето на некое дете“-Драган Јаневски
  2. 2. Легендите се творби кои на фантастичен начин раскажуваат за појави од животот и природата :создавањето на светот,човекот, сонцето, ѕвездите,имињата. Легендите раскажуваат за натприродни суштества :самовили,вештици, светци
  3. 3. Легенда за денот и ноќта Господ имал две клопчиња :едното бело и другото црно.Белото било врзано со црното кога ќе го одвиткал белото, ќе било ден , а кога ќе го одвиткал црното,ќе се сторело ноќ.Толку многу било долго преденото-што дури да го собере целиот конец во клопче,ќе почнел да го одмотува црното клопче и ќе било ноќ.Господ виткал и со црното предено на белото клопче и од тоа се намалувал денот, а се зголемувала ноќта во зимно време ,а на лето растел денот се зголемувала ноќта.
  4. 4. Легенда за Пелистерски Очи Езерата се создале од солзите на двете сестри кои биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не им дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Во бес ги испратила в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, но, сепак, да не можат да се видат. Талкајќи низ шумата, едната сестра дошла до местото каде што сега се наоѓа Големото, а другата Малото Езеро. И двете скршени од болка по несудената љубов, почнале да леат солзи. И двете пролеале толку многу солзи што од нив се создале двете прекрасни езера.
  5. 5. Преданијата раскажуваат за настани и личности од историјата кои можат да бидат вистинити ,но има и преданија за измислени настани и личности.Преданијата раскажуваат за настанокот на место или објекти (градови,манастири...)
  6. 6. Предание за градот Битола .Кога ги преземале Турците нашите места,дошле и Битола да ја преземаат,` Крал Тољо се биел од калето, тики баеги време се мачиле дури ја презеле Битола. Крал Тољо тогај бил опколен од секаде, арно ама калето што го имал на тумбата го имал напраено со еден маривет за да мислат Турците оти е од железо, чунки беше го опколил околу-наоколу со штици вапсани со боја, да прилега на железо, тики да му се гледа на Турците како од железо. И вистина така му се гледало и се плашеле за јуруш да сторат Турците. за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.
  7. 7. Предание за Преспанското Езеро Царот Самуил имал ќерка Преспана, која по смртта на својот татко живеела во крајбрежното село Царев Двор. Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа Преспана не сакајќи да му стане сопруга на противникот на нејзиниот татко се фрлила во езерото. Од тогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа - Преспа.
  8. 8. Книги во кои може да најдете преданија и легенди: ,,Легенди и преданија“ –Томе Саздов ,,Легенди и преданија“-Васил Тоциновски ,,Митот и фолкорот “–Кирил Пенушлиски ,,Македонско народно творештво“-Марко К.Цепенков
  9. 9. Работа во групи Истражувачка работа I- група ( да пронајдат две легенди ) во книгите и енциклопедиите или на интернет и да ги забележат елементите кои ги вбројуваат во легенди II –група ( да пронајдат две преданија во книгите и енциклопедиите или на интернет и да ги забележат елементите кои ги вбројуваат во легенди
  10. 10. ПРОНАЈДЕТЕ ПО ЕДНА ЛЕГЕНДА И ЕДНО ПРЕДАНИЕ И ПРЕРАСКАЖЕТЕ ГИ

×