Se ha denunciado esta presentación.
Utilizamos tu perfil de LinkedIn y tus datos de actividad para personalizar los anuncios y mostrarte publicidad más relevante. Puedes cambiar tus preferencias de publicidad en cualquier momento.

Национален форум за интернет надзор

504 visualizaciones

Publicado el

Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН - Националниот форум за интернет надзор.
Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.

Publicado en: Internet
  • Inicia sesión para ver los comentarios

Национален форум за интернет надзор

  1. 1. Национален Форум за Интернет Надзор Ванчо Орданоски vordan@infoproject.biz 1/8
  2. 2. ЗОШТО? 2/8
  3. 3. ОПАСНОСТИ ● Сексуална злоупотреба ● Говор на омраза ● Оружје, насилно однесување ● Верски фундаментализам ● Коцкање, обложување ● Штетен софтвер (malware) 3/8
  4. 4. ЗАШТИТА ● Позитивна цензура на содржини ● Соработка со интернет-провајдерите ● Подигање на свеста и едукација ● Можност граѓаните да пријавуваат престапници 4/8
  5. 5. ЗАШТИТА (2) ● Соработка со државни институции и органи ● Соработка со странски организации ● Интернет присуство ● Известувања за јавноста 5/8
  6. 6. ЗАШТИТА (3) Образовни институции 6/8
  7. 7. ЗАШТИТА (4) Домашна заштита 7/8
  8. 8. НФИН ИНФО ● „Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во ЦРМ под број 6579515 на 21 април 2010 година. ● Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области. ● Управниот одбор се состои од следниве членови: o Ванчо Орданоски, претседател o Никола Хорватовиќ, член o Бранко Зафировски, член ● НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации 8/8
  9. 9. Национален Форум за Интернет Надзор Ванчо Орданоски vordan@infoproject.biz 1/8 Национален Форум за Интернет Надзор Предавач: Ванчо Орданоски, vordan@infoproject.biz
  10. 10. ЗОШТО? 2/8 Зошто постоиме Во последните неколку години сме сведоци на експлозивен развој на светската глобална мрежа - Интернет. Таа веќе стана нераздвоен и перманентен дел од нашето живеење, и тоа во сите негови делови: работење, забава, учење и усовршување, па дури и здравје. Полека но сигурно, Интернетот ја презема улогата на примарен извор на информирање, социјално поврзување, чување на информации, итн. Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел. Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет - кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба. Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн. Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив. Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН - Националниот форум за интернет надзор.
  11. 11. ОПАСНОСТИ ● Сексуална злоупотреба ● Говор на омраза ● Оружје, насилно однесување ● Верски фундаментализам ● Коцкање, обложување ● Штетен софтвер (malware) 3/8 Опасности Најважната карактеристика на Интернетот денес е неговата нерегулираност, отвореност за сите. Истовремено, тоа е и неговиот најголем недостаток, кога се зборува за децата како корисници. Нерегулираноста значи дека било кој може да постави содржина, и таа е истовремено достапна низ целиот свет, на било кој корисник. Нема „светски“ уредници, регулатори, филтри. Се наоѓа с и сешто... ѐ и тоа е совршен модел за возрасните. Децата, познати по својата љубопитност и желба да го откриваат светот се директно изложени на сите можни опасности кои овој модел ги носи. ● Сексуална злоупотреба ● Говор на омраза ● Оружје, насилно однесување ● Верски фундаментализам ● Коцкање, обложување ● Штетен софтвер (malware) Потребно е само површно пребарување и веднаш се создава можност да се „залута“ во несакани, сиви ќошиња на светската мрежа, а такви има многу. Навидум невино пребарување за нов филм, песна или информација дава стотици илјади, ако не и милиони „погодоци“ или теми кои се блиски до
  12. 12. ЗАШТИТА ● Позитивна цензура на содржини ● Соработка со интернет-провајдерите ● Подигање на свеста и едукација ● Можност граѓаните да пријавуваат престапници 4/8 Позитивна цензура на содржини Она за што се залагаме е еден вид на „позитивна цензура“ на содржините кога се работи за децата. На тој начин може да се воспостави поголема контрола врз она што им е достапно и да се направи обид најштетните содржини да не допираат до нив. Во ниеден момент не се согласуваме со општа цензура на интернетот, ниту пак со профилирање на содржините по политички, верски или други слични критериуми. На овој вид на позитивна цензура треба да се пристапи особено внимателно, бидејќи лесно се паѓа во стапицата на моделирање на светот кој же го гледаат децата низ призма на лични убедувања, кои - мора да признаеме - не секогаш се совршени и подобни. Децата, особено повозрасните, мора да имаат комплетен поглед на информациите за одредени теми, за да можат квалитетно да бидат информирани за сите страни на одредени битни општествени, политички, верски или социјални дебати. Позитивната цензура технички се изведува со поставување на уреди и/или софтвер кои ги филтрираат доаѓачките информации по основ на клучни зборови, црни листи на сајтови, хеуристичко „погодување“ на содржината, адресни податоци, па дури и одредени земји... Соработка со интернет-провајдерите
  13. 13. ЗАШТИТА (2) ● Соработка со државни институции и органи ● Соработка со странски организации ● Интернет присуство ● Известувања за јавноста 5/8 Соработка со државни институции и органи Бидејќи задачата за заштита на децата е од фундаментално значење, во соработката e вклучена и државата, низ нејзините различни органи и институции, особено оние кои имаат допирни точки со оваа проблематика. Тука, пред с , се мисли на Министерствата за образовaние ѐ и култура, информатичко општество, но и Министерството за внатрешни работи (како битно за сузбивање на ваквите активности), потоа Агенцијата за електронски комуникации, Бироата за основно и средно образование, локалната самоуправа, судско-обвинителните органи итн. Соработка со странски организации Во светот, особено во земјите на ЕУ, веќе повеќе години се воспоставени сродни организации. Обично се наречени „Internet Watch Foundation“. Соработката со овие организации е од клучно значење, бидејќи тие поседуваат големо искуство, составени листи, воспоставени активности и знаење како да се справуваме со проблемите во оваа област. Освен специјализираните организации, постојат уште многу светски, европски и регионални организации кои се занимаваат со заштита на децата и младите -- почнувајќи од Обединетите нации, преку органите на Европската унија, Советот на Европа, итн. Интернет присуство
  14. 14. ЗАШТИТА (3) Образовни институции 6/8 Заштитата на образовните институции најдобро се врши со употреба на специјални уреди кои се поставуваат на влезот на интернетот во институцијата. Овие уреди се еден вид „заштитен ѕид“ (често нарекуван firewall), кој е сепак порозен за одредени видови на информации, додека за оние кои се на неговата листа за забрана е потполно непробоен. Освен оваа функција, заштитниот уред служи и за оневозможување на хакерски напади и неовластени упади во мрежата на институцијата, со што се штитат компјутерите кои се во внатрешниот дел на мрежата од крадење на информации, поставување на штетен софтвер, вируси, итн. Уредите можат лесно да бидат контролирани и управувани од оперативен центар, кој ќе се грижи тие да бидат усогласени, со најнови информации за забранети содржини (бидејќи тие постојано, во секунда, се менуваат), и да се контролира нивниот оперативен статус - дали се во полна употреба или не. Една од најпознатите фирми во светот која произведува вакви уреди е Cyberoam, дел од познатата сигурносна компанија Sophos, која со својата експертиза и познавање на состојбите е водечка во овој сегмент. Се работи за робустни, солидни уреди кои ќе издржат години непрекинато работење, тивко но сигурно извршувајќи ја својата задача. Она што е битно кај ваков вид на заштита е да се има и редовно сервисно одржување, замена и надградба на уредите, за тие да бидат постојано во добра оперативна кондиција. За среќа, во Македонија имаме солидна
  15. 15. ЗАШТИТА (4) Домашна заштита 7/8 Заштитата на домовите е релативно поедноставна задача и не се прави со уреди, бидејќи тие се со повисока цена на набавка и експлоатација. Најчесто, на секој компјутер, мобилен уред, лаптоп или таблет во домаќинството се поставува соодветен софтвер. Овој софтвер има повеќенаменска улога: ● Анти-вирус ● Анти-малвер ● Филтрирање на содржини ● Родителска контрола ● Известување Софтверот е подесен автоматски да се надополнува со најнови верзии на сигурносните и одбранбените податоци, и обично, еднаш инсталиран, постојано работи во позадина, извршувајќи ја својата улога. Освен заштитата од вируси и слични закани, можно е да се постават филтри со кои ќе се забранат одредени содржини ако на уредот работат и деца. Родителите можат да постават и посебни контроли за времетраењето на употреба на уредот и/или интернетот, забрана на одредени апликации, итн. Корисниците честопати прават грешка и ја употребуваат бесплатната верзија на програмата за заштита. Иако и овие верзии донекаде се употребливи, сепак, веројатно околу 60-70% од можностите не се вградени во оваа бесплатна копија. Цената на ваквите апликации е релативно ниска, обично во форма на годишна претплата, и е во рангот на 10-тина евра годишно, што е прифатливо за скоро секое домаќинство. Родителите, доколку се во финансиска можност, секогаш треба да одат на
  16. 16. НФИН ИНФО ● „Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во ЦРМ под број 6579515 на 21 април 2010 година. ● Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области. ● Управниот одбор се состои од следниве членови: o Ванчо Орданоски, претседател o Никола Хорватовиќ, член o Бранко Зафировски, член ● НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации 8/8 За нас „Национален форум за интернет надзор“ е здружение регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија под број 6579515 на 21 април 2010 година. Негови основачи се повеќе експерти од ИКТ индустријата, општествените и правните области. Управниот одбор на здружението се состои од следниве членови: ● Ванчо Орданоски, претседател ● Никола Хорватовиќ, член ● Бранко Зафировски, член НФИН е непрофитна организација која целосно се финансира од донации. Доколку сакате да учествувате во работата и/или да донирате, контактирајте нѐ. Линкови Internet Watch Foundation UK - https://www.iwf.org.uk/ OSCE/POLIS - Policing OnLine Information System - http://polis.osce.org/portals/cseci/ Self-regulation for a Better Internet for Kids -

×