Преоптоварување на баферот претставува компјутерски пропуст како резултат на внесување низа на карактери во бафер преку функции кои не ги проверуваат границите на бројот на дозволени карактери што можат да бидат внесени. Структурираниот справувач со испади или SEH претставува механизам имплементиран во Microsoft Windows оперативните системи којшто претставува податочна структура т.е поврзана листа составена од најмалце едно поле во кое се сместени податоци и еден покажувач кон следниот елемент. ASLR механизмот е имплементиран кај Linux и Windows оперативните системи, и овозможува случајност на адресите (адресниот простор). DEP или ‘Data Execution Prevention’ претставува механизам со хардверска и софтверска имплементација за спречување на извршување на инструкции во делови од меморијата зададени од напаѓачот