2. Ако се земе предвид и елипсоидната патека едно деноноќие би изгледало вака: Сонцето изгрева на исток и додека се движи кон зенитот станува cè поголемо. Тука ќе застане и ќе почне да се движи наназад, кон исток, за потоа пак да застане и да продолжи да се движи кон запад. Притоа сè до заоѓањето тоа станува сè помало и помало. Просечната големина на сончевиот диск е 2,5 пати поголема од сончевиот диск гледан од Земјата.До почетокот на 20 век Меркур им создавал проблеми на астрономите, бидејќи неговата орбита не можела да се објасни со помош на Њутновата механика. Постоеле мали, но недозволливи разидувања меѓу пресметаните и набљудувание резултати. Еден можен одговор кој бил во оптек во тоа време бил дека постои уште една планета која орбитира уште поблиску до Сонцето - планетата Вулкан (дури и добила име пред да биде откриена). Сепак вистинскиот одговор го дал Алберт Ајнштајн со општата теорија на релативноста, која потполно го објаснувала движењето на Меркур без никакви непостоечки планети. Движењето на Меркур бил првиот практичен доказ за Општата теорија на релативноста.
3. Меркур нема атмосфера. Поради својата мала маса, а следствено и мала гравитација тој не успеал во текот на историјата да ја задржи. Единствено нешто што може да се забележи налик на атмосфера се локални слаби концентации на натриум (Na), резултат на цончев ветар кој ги избива од површината на Меркур. Ова не значи дека натриумот е најзастапен елемент на површината. Таа главно е составена од силикатни карпи. Во внатрешноста се наоѓа јадро од железо и никел поради што Меркур има магнетно поле кое е само 1% од јачината на земјиното магнетно поле, и е наклонета 7° во однос на оската на ротација.Површината на Меркур многу наликува на површината на Месечината. Изрешетана од безбројни кратери кои се резултат од интензивното бомбардирање со астероиди во раната историја на Сончевиот систем, пред 4,5 до 3,5 милијарди години. Но за разлика од Месечината, заради нешто поголемиот дијаметар, дебелината на литосферата е потенка (потребно е подолго време да се излади), а исто така може да се забележат рамнини од лава и гребени кои се резултат на вулканската историја на Меркур.
4. Дневната температура на површината на Меркур е над 500 K (227 °С), а ноќе може да падне до 100К (-173 °С). Големите дневни температури се резултат на фактот што Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, а додека студените ноќи се должат на отсуството на атмосфера или друг флуид (како што се океаните на Земјата) кои во текот на ноќта ја оддаваат топлината која ја акумулирале тој ден. Во некои региони, во зависност од типот на почвата, температурата може да достигне и до 600 К (327 °С). Заради изолаторскиот ефект на горниот слој на почвата, веднаш под површината температурата се движи од 314 К до 446 К.
5. Антицките грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес, гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјните. Меркур, според нивната митологиј, бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во грчката митологија).
6. Античките грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес , гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјаните . Меркур, според нивната митологија , бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во грчката митологија).
7. ''првите телескопскиабљудувања на Меркур ги има направено Галилео Галилеј во 17 век . Иако ги забележал фазите кај Венера , неговиот телескоп не бил доволно јак истото да го забележи и кај Меркур. Во 1963 година, Пјер Гасенди ги направил првите набљудувања на транзитот на планетата преку Сонцето кога го забележал транзитот предвиден од Јохан Кеплер . Во 1939 година, Ѓовани Цупи со својот телескоп конечно покажал дека Меркур има свои фази гледано од Земјата , слично како Венера и Месечината .