2. Полупроводник
Полупроводници се кристални тела по кои
степенот на спроводливоста на електричната
струја се наоѓаат помеѓу металите и
изолаторите.
Носители на електричеството низ
полупроводниците во електричното поле се
празнините кои се движат во насока на
електричното поле и електроните кои се
движат во насока спротивна на насоката на
електричното поле.
3. Видови на Полупроводници
Има 2 вида полупроводници:
* Н-тип(негативен), полупроводник кој
се добива кога силициум се допингува со
атоми со повисок број валентни
електрони од силициум, како на пример
петтовалентен фосфор.
Полупроводник од типот Н
* П-тип(позитивен), полупроводник кој
се добива кога силициум се допингува со
атоми со помал број валентни електрони
од силициум, како на пример тривалентен
бор.
8. Енергетски Полупроводници
Диода е електронски уред што дозволува
протекување на струјата во една насока без
отпор (или со многу мал отпор) додека во
спротивната насока претставува бесконечен
(или барем многу голем) отпор.Затоа за
диодата се вели дека има проводна и
непроводна насока. Отпорноста на диодата во
проводна насока е многу мала, додека во
непроводната насока отпорноста на диодата е
огромна. Поради тоа диодата може да се
замисли како електронски еквивалент на
еднонасочен вентил.
9. Градба на Диода
Современите диоди најчесто се прават од
кристални полупроводнички материјали како
што се силициум или германиум. Меѓутоа,
постојат и диоди со термионска емисија -
електронски (вакуумски) цевки.
10.
11. Транзистор
Транзистор е полупроводнички уред кој
најчесто се користи да засилува или да
вклучува и исклучува сигнали. Транзисторот
е основната единица од која се прават
компјутерите и сите понови електронски
уреди. Најчесто се спојуваат повеќе
транзистори во едно интегрално коло.Во
аналогните кола транзисторите се
користат во засилувачите и линеарните
регулатори на моќност. Исто така се
користат и во дигиталните кола каде што
имаат функција на електронски прекинувачи.