2. Да се потсетиме!
• Стилските фигури се јазични средства со кои се остварува сликовито
изразување.
• Стилските фигури се јазични средства (гласови, зборови, изрази) што се
забележливи во говорот, што го привлекуваат нашето внимание: некогаш со
сликовитоста, некогаш со звучноста, емоционалноста итн.
• Пр. Кога ја слушна убавата вест таа многу се израдува. (стилски неутрална)
- Кога ја слушна убавата вест таа леташе од радост.
- а воздухот вознемирен се одзвивал од врева
• Стилските фигури имаат нагласена естетската функција, која преовладува
над нивната основна, содржинска функција.
• Сепак, тие не треба да се сметаат само за украси на говорот, туку во нив се
сублимирани идеите и мисловно-сликовните содржини на делото.
3. • Употребата на стилските фигури е присутна во сите сфери на човековото
општење. Тие се присутни и во јазикот на секојдневната комуникација,
меѓутоа тука тие добиваат точно определено и општопознато значење.
Пр. - Тој е глава на семејството. (Тој ги носи одлуките.)
- Умирам од досада. (Многу ми е досадно.)
• Употребата на стилските фигури особено доаѓа до израз во уметничката
литература. Во уметничката литература секој автор се стреми кон
оригинална и неповторлива употреба на јазичните средства.
4. Поделба на стилските фигури
• Стилските фигури во зависност од изборот и од употребата на јазичните
средства се делат на две групи:
фигури на значењето (тропи);
фигури на формата (не – тропи).
5. Фигури на значењето-тропи
• Тропите се јазични средства (зборови) што се употребуваат со преносно
значење.
• Тропите го добиле името од старогрчкиот збор тропос што значи обрт,
отстапка. Значи, кај нив доаѓа до отстапка од основното значење на
зборовите и тие добиваат некое ново, преносно значење.
• Притоа се менува значењето на зборовите или на зборовните состави во
согласност со нивната употреба во определен контекст.
Пр. Низ долината тивко, спокојно течеше малата река. (основно, речничко
значење)
- Река од солзи ѝ течеше по лицето. (течењето на солзите се споредува со
течењето на реката, по обем, количество)
• Преносното значење се добива преку споредба на два поима од стварноста
што се слични меѓу себе според некој признак, некоја особина.
6. Видови тропи
• Фигурите на значењето (тропи) може да бидат од различен вид во зависност од
видот на принципот врз основа на кој се врши пренесувањето на значењето:
сличност, зависна врска, дел наместо целина, зголемување и др.
• Ги разликуваме следните видови фигури на значењето (тропи):
епитет
литота
метафора
синегдоха
метонимија
перифраза
сарказам оксиморон
персонификација
иронија
хипербола
ФИГУРИ НА
ЗНАЧЕЊЕТО-ТРОПИ
споредба
7. Метафора
• Метафората е промена на основното значење на зборовите, замена на еден
збор со друг по пат на сличност. Зборовите врз кои се пренесува значењето го
губат своето основно значење и добиваат дополнително, преносно
(метафорично) значење.
• Метафората уште се нарекува скратена споредба бидејќи во неа отсуствува
споредбеното зборче како/ко.
А е како Б (компарација);
Пр. компарација: вишните гори се како сосетки на ѕвездите
А е Б, А-Б, Б (метафора)
Пр. метафора: вишните гори се сосетки на ѕвездите (А е Б),
- вишните гори - сосетки на ѕвездите (А-Б),
- сосетки на ѕвездите (Б)
8. • Во функција на метафора може да се јави секоја форма (глагол, прилог,
именка, придавка).
Пр. На запад догорува денот. Сонцето крваво зајдува.
• Ако метафората е претставена преку еден збор таа е проста, а ако е
составена од повеќе зборови таа е разгранета.
Пр. Се знае какви се нашите возови: исповедалници на тркала, штом
еднаш ќе се заврзе муабет. (К. Чашуле) – разгранета метафора
9. Епитет
• Епитетот е истакнување на особина на некој поим во определен контекст. Тој се
одликува со нагласена сликовитост.
• Епитетот најчесто е придавка и обично стои до именката која ја појаснува.
Пр. Што си ти застаната со спокој темен (А. Шопов)
• Во функција на епитет може да се јави и именката кога е во служба на атрибут.
Пр. Среде дожд куршуми (А. Караманов)
• Постојат и т.н. постојани епитети кои се карактеристични пред сè за народната
литература (гора висока, поле широко, црна земја, јасно сонце).
• Епитетите по состав може да бидат:
прости (составени од еден збор) пр. заробена убавина и
сложени (составени од два збора) пр. победоносна песна, полињата житородни
10. Метонимија
• Метонимијата е преносна употреба на зборовите врз основа на зависна
врска меѓу поимите од стварноста. Станува збор за логички однос, однос на
допир, поочигледна блискост меѓу двата поима што се споредуваат.
Пр. Градот беше разбеснет. ( = граѓаните)
Сето село беше излезено пред порти. (= селаните)
Го читам Балзак. ( = неговите дела)
Испив три чаши. ( =пијачки)
Стадо в кавал заљубено. ( = музиката од кавалот)- М.Матевски
Од иста крв се. ( =роднински се поврзани)
• Во функција на метонимија се јавува само именка или состав од именка и
придавка.
11. Синегдоха
• Синегдохата е замена на поимите врз основа на начелото дел наместо
целост, еднина наместо множина.
Пр. Немаше таква рака што можеше да го запре. ( = човек)
Повеќе глави се помудри.( = луѓе)
Скршена пара немам. ( = пари)
Рано е да зрее гроздот. ( = грозјето)
• Во функција на синегдоха, исто како и во функција на метонимија се
јавува само именка или состав од именка и придавка.
12. Споредба (компарација)
• Споредбата (компарацијата) е точно истакнување на сличноста меѓу
два различни поима.
• Истакнувањето на сличноста се прави директно преку употребата на
споредбеното зборче како или ко. Освен преку овие зборови
споредбата може да се постигне и преку зборовите: налик, сличен,
личи, прилега, потсетува и др.
Пр. А Неда како кошута в одајата си горна се качила. (Г. Прличев)
- песна груба како плускавиците на моите раце (А.Караманов)
- Нејзините зборови се неразбирливи и прилегаат повеќе на изгубени,
искинати крикови. (К Чашуле)
- небото личи на црвена кошула (А.Караманов)
13. Хипербола
• Хиперболата е истакнување на определен поим преку зголемување,
преувеличување на неговото значење.
• Во хиперболата обично се меша реалното со нереалното. Хиперболата
често се употребува и во секојдневниот говор, а не само во поезијата.
Пр. - Можеше со грб планина да урне.
- Надвор е потоп.
- Твоето грло хубаво/ И од дробнаго бисера/ Хилјада п’ти побело.
(К.Миладинов)
- столетија јас тебе те чекам (А.Шопов)
14. Литота
• Литотата е истакнување определен поим преку намалување на
неговото значење.
• Се употребуваат едноставни изрази што содржат намалување на
основното, содржинското значење на зборот со цел да се ублажи
негативната конотација на неговата вистинска смисла.
• Тоа се прави со негирање на спротивниот поим со употреба на
негација.
Пр. Наместо да кажеме: Тој е стар. Тој не е млад.
Наместо да кажеме: Тоа е лага. Тоа не е вистина.
15. Иронија
• Иронија – за неа важи мислата: Едно кажувам, спротивното го мислам.
• Наместо зборовите да се употребуваат во нивното основно значење,
тие го добиваат спротивното значење и добиваат подбивен призвук
во рамките на дадениот контекст, обично преку употреба на одредена
интонација.
Пр. Баш убаво постапи. (сакаме да кажеме дека сторил нешто лошо)
Не сака мачето сланина. (сака сланина, тој човек е лаком)
Ме благослови. (ме проколна)
Убаво ли е сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти
достига, татенцето сè ќе створи за моето соколче... (Ж.Чинго)
16. Сарказам
• Сарказмот е цинично исмејување на некоја личност со наведување
особини спротивни од нејзините вистински особини.
• Кога иронијата е навредлива, тогаш таа преминува во сарказам. Со
сарказмот се искажува чувство на омраза и гнев, помешани со болка и
незадоволство.
Пр. Кроток е како јагне. (а всушност тој е немирен)
17. Персонификација
• Персонификацијата е пренесување на човековите особености врз други
поими од стварноста.
Пр. И земјата дише во пролетна ситост. (Б. Конески)
- Каменот спие, водите спијат. (А. Шопов)
- На зајдисонце градот страда од губење рамнотежа. (В. Урошевиќ)
- Во април пролетта промена носи бела. (Г. Тодоровски)
18. Перифраза
• Перифразата е заменување на еден збор или зборовен состав со
описен израз што содржи одделни негови особености.
• Се користат повеќе зборови за нешто што може да се искаже со еден
или со помалку зборови. Притоа, тој описен израз е синонимен со
заменетиот збор и е препознатлив.
Пр. земјата на кенгурите= Австралија
градот на Крали Марко= Прилеп
куќата на правдата= судот
• Перифразите често се јавуваат во форма на поговорки. На пример,
наместо да се каже: Нема излез, се вели: Угоре високо, удолу длабоко.
19. Оксиморон
• Оксиморонот е поврзување на две крајно противречни појави што се
исклучуваат една со друга.
пр. мудра глупост, светла темница, света блудница
• Оксиморонот е изграден од придавка и именка.
20. Домашна задача:
Напишете кус литературно-
уметнички текст во кој ќе
употребите стилски фигури-
тропи и ќе го појасните
нивното значење и употреба
(темата и формата на текстот
може да бидат по ваш избор).