2. Кожата има повеќе функции и тоа:
Заштита на внатрешниот дел од телото од физички и
хемиски влијанија
Превенција од навлегување на микроорганизми
Превенција од губење на вода
Заштита од ултравиолетово зрачење
Екскретирање на материите од катаболизмот преку потните
жлезди
Одржување влажност на површината на телото
Лачење на масти
Апсорпција на некои лекови
Синтеза на витамин D
Регулација на телесната температура
3. На висока температура капиларите на кожата се
шират(вазодилатација) со што се губи топлина. На ладно
капиларите се стегаат(вазоконстрикција) со што организмот
го намалува губењето на топлината.
4. Функција на кожата во регулирањето
на телесната температура
Кожата при потење учествува во регулација на телесната
температура. Преку порите од потните жлезди се излачува
пот, која испарува од површината на телото, со што се
овозможува намалување на температурата на организмот.
Ако надворешната средина има повисока температура а
помала влажност се интензивира потењето со што се оддава
и дел од топлината. Во обратен случај потта се задржува на
површината на телото.
5. За време на топлите денови при тешка физичка работа и
работа на висока температура количеството на исфрлена пот
во текот на 24 часа може да достигне и неколку литри.
Затоа, во овие состојби се препорачува да се пие минерална
вода со што ќе се надомести загубата не само на водата туку
и на солите.
6. Терморегулаторната функција на кожата се остварува и
преку механизмот на завомоторика(ширење и стегање)на
крните садови. Во ладните денови кожата го заштитува
телото од губење топлина со стеснување (вазоконстрикција)
на површинските крвни садови. Во топлите денови садовите
се прошируваат(вазодилатација) со што се зголемува
зрачењето топлина од телото. На тој начин, телото се
заштитува од прекумерно загревање.
7. Составот на потта
Според составот, потта е слична со урината но е
поразредена.Таа содржи: вода, натриум хлорид, уреа, соли
на урската киселина и други соли и др.
Количеството на создадената и исфрлената пот е различно
во зависност од:
*температурата на околната средина
*количеството на внесена течност во организмот и
*заситеноста на атмосферата со водена пареа (влажност
на воздухот)