9. термостатот на фрижидерот да се намести помеѓу 3 и 5 степени
Целзиусови;
фрижидерот или замрзнувачот да не се поставуваат во близина на
грејни тела;
10. секогаш да се користи поклопец на садот, зашто со тоа се скратува
времето на готвење, а со самото тоа и се намалува потрошувачката на
енергија;
ринглата да се исклучува нешто пред крајот на готвењето, зашто таа
акумулирала доволно топлина која е можно да се искористи;
Одвреме навреме одмрзнувајте ги фрижидерите со полуавтоматскиот
механизам за одмрзнување. Дебелиот слој од мраз непотребно троши
енергија
11. најголеми расипници во бањата се секако бојлерите, па поради тоа
еве неколку упатства што се однесуваат токму на нивната работа:
термостатот на бојлерот се мести на температура од 50 до 60
степени Целзиусови
најекономично е да се вклучува бојлер за време на тн. период на
поевтина струја
да се исклучува бојлерот кога се напушта станот на подолго време
12. редовно да се чисти бигорот оти наслагите на грејачот ја
зголемуваат потрошувачката на енергија и предизвикуваат дефекти
неопходно е да се поправат сите славини, зашто потрошувачката на
вода е исто така потрошувачка на енергија
Средствата за перење и чистење дозирајте ги штедливо и според
упатствата на произведителот. Онолку колку што е потребно и
колку што е можно помалку. Животната средина и паричникот ќе ви
бидат благодарни.
13. таа е најчесто поврзана со осветлувањето:
пожелно е што повеќе да се користи природна
светлина, зашто е најпријатна и најздрава за очите;
секогаш треба да се гаси светло во простоија во која
никој не престојува;
14. препорака е да се користат штедливи сијалици- поскапи се од
обичните, ама траат значително подолго и трошат 5 пати помалку
електрична енергија при исто количество емитувана светлина;
кога се во прашање клима- уредите, се препорачуваат оние од што
повисока енергетска класа, по можност највисока;
тие е најдобро да се постават во оној дел од просторијата каде
што паѓа сенка, зашто на такви позиции трошат помалку енергија;
15. Преку често и долго отворање на прозорецот неконтролирано се
губи топлина. Луфтирајте кратко ама силно и тоа на одреден
временски период.
Редовно контролирајте ја потрошувачката на струја, гас и вода како
и состојбата на броилата. Со тоа сте сигурни дека поголемата
потрошувачка веднаш ќе биде откриена и ќе се преземат
потребните мерки.