SlideShare una empresa de Scribd logo
1 de 3
Предлог задачи за подготовка за натпревар
5 ОДДЕЛЕНИЕ
1. Збирот на три броја е најголемиот четирицифрен број. Првиот број е 1000, вториот е за 4563 поголем од
првиот. Кој е третиот број?
2. Во собирната акција за пластични шишиња на еко-клубот во едно училиште, учениците од петто одделение
собрале 1370 шишиња, од шесто одделение собрале 142 шишиња повеќе, а учениците од седмо, осмо и
деветто одделение 196 шишиња повеќе отколку петто и шесто одделение заедно. Колку шишиња собрале
учениците во тоа училиште?
3. Првиот собирок е најголемиот четирицифрен број, другиот е 5986 а третиот е еднаков на збирот на
најголемиот трицифрен број и следбеникот на бројот 9980. Пресметај го збирот на овие три собироци.
4. Една населба има 28596 жители, а друга за 879 повеќе од првата, додека во третата населба бројот на
жители е еднаков на збирот на првите две населби. Колку вкупно жители има во трите населби?
5. Погоди го бројот во бројните загатки:
а) Бројот е: полн квадрат; содржател на 3; помал од 25.
б) Бројот е: полн квадрат; парен број; едноцифрен број.
в) Бројот е: двоцифрен број помал од 30; содржател на 4; содржател на 5.
6. Наредени се 3 кутии означени со „јаболка“, „ круши“ и „јаболка и круши“. Ознаките на секоја кутија се
погрешни. Можеме да избереме само едно овошје и тоа само од една кутија. На кој начин точно ќе ги
означиме кутиите?
7. Еден полжав паднал во бунар длабок 30 метри. Почнал да се искачува за да излезе од бунарот. Преку ден
се качувал 3 метри, а преку ноќ се лизгал наназад 2 метри. За колку дена полжавот ќе излезе од бунарот?
8. Марија од пазар купила јаболка. Таа имала 3 деца. Лена рекла: „Јас би зела една четвртина од јаболката,
зашто е најмногу“. Мила рекла: „Јас би зела една десетина, затоа што 10 > 4“. Дамјан се согласил тој да земе
една половина. Кој зел најмногу јаболка?
9. Се смета дека во 1930 година на Земјината топка живееле 100000 тигри. Меѓутоа, поради скапоценото
крзно ловците уловиле голем број од овие животни и денес нивниот број е една дваесеттина од бројот во
1930 година. Пресметај уште колку тигри останале на Земјата.
10. Членовите на една извидничка секција биле построени во 8 реда по 15 извидници. Од нив, една четвртина
биле ученици од IV одделение, една третина биле од V одделение и преостанатите од VI одделение. Колку
извидници биле од VI одделение?
11. Еден од множителите во еден производ е за 42 поголем од 118, а од другиот е за една четвртина поголем
од најмалиот трицифрен број. Пресметај го производот.
12. Се натпреварувале во трчање жирафа, носорог и слон. Ако знаеме дека жирафата пред носорогот за
една осмина од километар, а носорогот пред слонот за една четвртина од километар, тогаш колку метри
жирафата е пред слонот?
13. Запиши трицифрен број ако:
а) цифрата на единиците е 2, цифрата на десетките е 3 пати поголема од цифрата на единиците, а цифрата
на стотките е за 2 поголема од цифрата на единиците;
б) цифрата на единиците е 1, цифрата на десетките е 4 пати поголема од цифрата на единиците, а цифрата
на стотките е за 4 поголема од цифрата на десетките.
14. Во едно буре има 12,30 l вода. Во друго буре има 34,23 l вода повеќе отколку во првото буре. Во трето
буре има 23,19 l вода повеќе отколку во првото и второто буре заедно. Колку вода има во второто, а колку во
третото буре?
15. Марија трча 5 километри за 45 минути. Јована трча 2 километри за 17 минути. Која од нив двете трча
побрзо?
16. Тројца земјоделци, Петар, Иван и Златко, треба да поминат околу оградата на нивните ниви за да
проверат дали има оштетувања. Нивните огради имаат обиколки од 50 m, 58 m и 64 m соодветно. Во 14 h
тројцата земјоделци почнале да ги проверуваат оградите.
a) Потребна е една минута за да се провери 1 метар од оградата. Во колку часот секој од земјоделците ќе
заврши со проверување на неговата ограда?
б) Дали некој од земјоделците ќе заврши пред три часот попладнето?
17. Квадрат со периметар 48 cm има страна со должина иста како ширината на правоаголник со периметар 54
cm. Пресметај ја должината на правоаголникот.
18. Наставничката дала за домашна задача да се прочита книга од 97 страници за време на викендот.
Наталија почнала да чита во петок и прочитала 23 страници. Во сабота продолжила да чита и прочитала
двојно повеќе страници отколку во петокот. Во неделата ја дочитала целата книга. Колку страници прочитала
во недела?
19. Пополни ги аритмагоните ако правилото за премин од една форма во соседната форма е исто во секој
ред.
20. Од 186 овци во стадото една шестина од нив се црни, а другите се бели. Колку бели овци има во стадото?
21. Пополни ги аритмагоните на следниот начин: Во квадратчињата запиши ги координатите на точките што
се на средина помеѓу точките чии координати се запишани во крукчињата на истата страна на триаголникот.
Прво претстави ги точките на квадратна мрежа, а потоа најди ги бараните координати.
22. Од Скопје кон Гевгелија тргнува камион, што се движи со брзина 55 km на час. Во исто време од Скопје
кон Белград тргнува автобус, што се движи со брзина 75 km на час. Колку ќе бидат оддалечени автобусот и
камионот 3 часа по тргнувањето?
23. Од местото А кон местото Б тргнал автобус, што се движел со брзина 75 km на час. Откако поминал 56
километри, од местото Б кон местото А тргнал друг автобус, што се движел со брзина 70 km на час. Колку ќе
бидат оддалечени автобусите еден од друг два часа по тргнувањето на вториот автобус, ако растојанието од
А и Б е 350 km?
24. Од местото А за местото Б тргнува брз воз што се движи со брзина 70 km на час. Во исто време од Б кон А
тргнува патнички воз што се движи со брзина 50 km на час. Колку ќе бидат оддалечени возовите еден од друг
3 часа по тргнувањето, ако растојанието од А до Б е 450 km?
25. Часовите на училиштето на Душан почнуваат во 8 часот. Откако ќе се разбуди, потребни му се 10 минути
да се подготви и уште 10 минути да јаде. До училиштето оди пеш 25 минути и се вози со автобус 20 минути.
Во колку часот најдоцна треба да се разбуди Душан за да стигне во училиште 15 минути пред почетокот на
часовите?

Más contenido relacionado

Más de Violetka Spasevska

преглед на распоред за тестирање V 2 одделение
преглед на распоред за тестирање V  2 одделениепреглед на распоред за тестирање V  2 одделение
преглед на распоред за тестирање V 2 одделениеVioletka Spasevska
 
Натпревар по математика 2015/2016
Натпревар по математика 2015/2016Натпревар по математика 2015/2016
Натпревар по математика 2015/2016Violetka Spasevska
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкиVioletka Spasevska
 
нл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкинл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкиVioletka Spasevska
 
Kontrolna zadaca decimalni broevi
Kontrolna zadaca decimalni broeviKontrolna zadaca decimalni broevi
Kontrolna zadaca decimalni broeviVioletka Spasevska
 
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
ГТМ планирање за IV  одд.2014/15ГТМ планирање за IV  одд.2014/15
ГТМ планирање за IV одд.2014/15Violetka Spasevska
 

Más de Violetka Spasevska (10)

моите ученици
моите ученицимоите ученици
моите ученици
 
преглед на распоред за тестирање V 2 одделение
преглед на распоред за тестирање V  2 одделениепреглед на распоред за тестирање V  2 одделение
преглед на распоред за тестирање V 2 одделение
 
Натпревар по математика 2015/2016
Натпревар по математика 2015/2016Натпревар по математика 2015/2016
Натпревар по математика 2015/2016
 
Eksterno
EksternoEksterno
Eksterno
 
множење од 1 до 12
множење од 1 до 12множење од 1 до 12
множење од 1 до 12
 
шематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именкишематски преглед на одделните видови именки
шематски преглед на одделните видови именки
 
нл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропкинл еквивалентни дропки
нл еквивалентни дропки
 
Kontrolna zadaca decimalni broevi
Kontrolna zadaca decimalni broeviKontrolna zadaca decimalni broevi
Kontrolna zadaca decimalni broevi
 
цифри од 1 до 9 и 0
цифри од 1 до 9 и 0цифри од 1 до 9 и 0
цифри од 1 до 9 и 0
 
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
ГТМ планирање за IV  одд.2014/15ГТМ планирање за IV  одд.2014/15
ГТМ планирање за IV одд.2014/15
 

предлог задачи за подготовка за натпревар

  • 1. Предлог задачи за подготовка за натпревар 5 ОДДЕЛЕНИЕ 1. Збирот на три броја е најголемиот четирицифрен број. Првиот број е 1000, вториот е за 4563 поголем од првиот. Кој е третиот број? 2. Во собирната акција за пластични шишиња на еко-клубот во едно училиште, учениците од петто одделение собрале 1370 шишиња, од шесто одделение собрале 142 шишиња повеќе, а учениците од седмо, осмо и деветто одделение 196 шишиња повеќе отколку петто и шесто одделение заедно. Колку шишиња собрале учениците во тоа училиште? 3. Првиот собирок е најголемиот четирицифрен број, другиот е 5986 а третиот е еднаков на збирот на најголемиот трицифрен број и следбеникот на бројот 9980. Пресметај го збирот на овие три собироци. 4. Една населба има 28596 жители, а друга за 879 повеќе од првата, додека во третата населба бројот на жители е еднаков на збирот на првите две населби. Колку вкупно жители има во трите населби? 5. Погоди го бројот во бројните загатки: а) Бројот е: полн квадрат; содржател на 3; помал од 25. б) Бројот е: полн квадрат; парен број; едноцифрен број. в) Бројот е: двоцифрен број помал од 30; содржател на 4; содржател на 5. 6. Наредени се 3 кутии означени со „јаболка“, „ круши“ и „јаболка и круши“. Ознаките на секоја кутија се погрешни. Можеме да избереме само едно овошје и тоа само од една кутија. На кој начин точно ќе ги означиме кутиите? 7. Еден полжав паднал во бунар длабок 30 метри. Почнал да се искачува за да излезе од бунарот. Преку ден се качувал 3 метри, а преку ноќ се лизгал наназад 2 метри. За колку дена полжавот ќе излезе од бунарот? 8. Марија од пазар купила јаболка. Таа имала 3 деца. Лена рекла: „Јас би зела една четвртина од јаболката, зашто е најмногу“. Мила рекла: „Јас би зела една десетина, затоа што 10 > 4“. Дамјан се согласил тој да земе една половина. Кој зел најмногу јаболка? 9. Се смета дека во 1930 година на Земјината топка живееле 100000 тигри. Меѓутоа, поради скапоценото крзно ловците уловиле голем број од овие животни и денес нивниот број е една дваесеттина од бројот во 1930 година. Пресметај уште колку тигри останале на Земјата. 10. Членовите на една извидничка секција биле построени во 8 реда по 15 извидници. Од нив, една четвртина биле ученици од IV одделение, една третина биле од V одделение и преостанатите од VI одделение. Колку извидници биле од VI одделение? 11. Еден од множителите во еден производ е за 42 поголем од 118, а од другиот е за една четвртина поголем од најмалиот трицифрен број. Пресметај го производот. 12. Се натпреварувале во трчање жирафа, носорог и слон. Ако знаеме дека жирафата пред носорогот за една осмина од километар, а носорогот пред слонот за една четвртина од километар, тогаш колку метри жирафата е пред слонот?
  • 2. 13. Запиши трицифрен број ако: а) цифрата на единиците е 2, цифрата на десетките е 3 пати поголема од цифрата на единиците, а цифрата на стотките е за 2 поголема од цифрата на единиците; б) цифрата на единиците е 1, цифрата на десетките е 4 пати поголема од цифрата на единиците, а цифрата на стотките е за 4 поголема од цифрата на десетките. 14. Во едно буре има 12,30 l вода. Во друго буре има 34,23 l вода повеќе отколку во првото буре. Во трето буре има 23,19 l вода повеќе отколку во првото и второто буре заедно. Колку вода има во второто, а колку во третото буре? 15. Марија трча 5 километри за 45 минути. Јована трча 2 километри за 17 минути. Која од нив двете трча побрзо? 16. Тројца земјоделци, Петар, Иван и Златко, треба да поминат околу оградата на нивните ниви за да проверат дали има оштетувања. Нивните огради имаат обиколки од 50 m, 58 m и 64 m соодветно. Во 14 h тројцата земјоделци почнале да ги проверуваат оградите. a) Потребна е една минута за да се провери 1 метар од оградата. Во колку часот секој од земјоделците ќе заврши со проверување на неговата ограда? б) Дали некој од земјоделците ќе заврши пред три часот попладнето? 17. Квадрат со периметар 48 cm има страна со должина иста како ширината на правоаголник со периметар 54 cm. Пресметај ја должината на правоаголникот. 18. Наставничката дала за домашна задача да се прочита книга од 97 страници за време на викендот. Наталија почнала да чита во петок и прочитала 23 страници. Во сабота продолжила да чита и прочитала двојно повеќе страници отколку во петокот. Во неделата ја дочитала целата книга. Колку страници прочитала во недела? 19. Пополни ги аритмагоните ако правилото за премин од една форма во соседната форма е исто во секој ред. 20. Од 186 овци во стадото една шестина од нив се црни, а другите се бели. Колку бели овци има во стадото? 21. Пополни ги аритмагоните на следниот начин: Во квадратчињата запиши ги координатите на точките што се на средина помеѓу точките чии координати се запишани во крукчињата на истата страна на триаголникот. Прво претстави ги точките на квадратна мрежа, а потоа најди ги бараните координати.
  • 3. 22. Од Скопје кон Гевгелија тргнува камион, што се движи со брзина 55 km на час. Во исто време од Скопје кон Белград тргнува автобус, што се движи со брзина 75 km на час. Колку ќе бидат оддалечени автобусот и камионот 3 часа по тргнувањето? 23. Од местото А кон местото Б тргнал автобус, што се движел со брзина 75 km на час. Откако поминал 56 километри, од местото Б кон местото А тргнал друг автобус, што се движел со брзина 70 km на час. Колку ќе бидат оддалечени автобусите еден од друг два часа по тргнувањето на вториот автобус, ако растојанието од А и Б е 350 km? 24. Од местото А за местото Б тргнува брз воз што се движи со брзина 70 km на час. Во исто време од Б кон А тргнува патнички воз што се движи со брзина 50 km на час. Колку ќе бидат оддалечени возовите еден од друг 3 часа по тргнувањето, ако растојанието од А до Б е 450 km? 25. Часовите на училиштето на Душан почнуваат во 8 часот. Откако ќе се разбуди, потребни му се 10 минути да се подготви и уште 10 минути да јаде. До училиштето оди пеш 25 минути и се вози со автобус 20 минути. Во колку часот најдоцна треба да се разбуди Душан за да стигне во училиште 15 минути пред почетокот на часовите?