4. 1. ПАРНИТЕ КОТЛИ (ПАРОГЕНЕРАТОРИ) СЕ
ТОПЛИНСКИ УРЕДИ И ПОСТРОЈКИ КОИ СЕ
НАМЕНЕТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО(ПРОДУКЦИЈА-
ГЕНЕРИРАЊЕ)НА ВОДЕНА ПАРА.
ВОДЕНАТА ПАРЕА Е НАЈПОВОЛНИOТ РАБОТЕН
МЕДИУМ(ТЕЛО ВО ГАСОВИТА СОСТОЈБА)ЗА
ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛНАТА
ЕНЕРГИЈА(ТОПЛИНСКА+ПРИТИСНА) ВО
МЕХАНИЧКА РАБОТА ЗА ДОБИВАЊЕ НА
ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО
ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ.
5. 2. Името ,,котел’’ доаѓа од старословенскиот збор ,,kotlb’’ што значи
сад во кој водата се загрева или воопштено ,,генератор’’ oд латинскиот
збор generare = се раѓа, се создава, се произведува. Првиот котел бил
конструиран во 1680 година од францускиот физичар Ненис Папен.
Папинов котел
6. Главни делови на котелот се:
1. Довод на воздух,
2. Ложиште,
3. Воден простор,
4. Парен котел,
5. Манометар,
6. Сигурносен вентил,
7. Термометар,
8. Одвод на произведената пареа.
8. Котелската постројка обично се состои од следните делови:
- парен котел,
- котелско ложиште во кое согорува горивото,
- ѕид на котелот,
- оџак и
- котелска арматура.
Котелска постројка
9. Освен тоа котелските постројки имаат уште:
- прегревачи на пареа,
- економајзери (загревачи на напојната вода) и
- загревачи на воздух.
Влез на вода
Изменувач
на топлина
Излез на
вода
Излез на димни гасови
Влез на димни гасови
10. ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА ГИ АНАЛИЗИРАМЕ ПАРОГЕНЕРАТОРИТЕ
НАЈНАПРЕД ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ СО ПРОЦЕСОТ НА
ДОБИВАЊЕ НА ВОДЕНА ПАРА:
ВОДЕНАТА ПАРА НАСТАНУВА СО ИПАРУВАЊЕ НА ВОДАТА КОЈА
СЕ ЗАГРЕВА ДО ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ, А ПОТОА СЕ ДОГРЕВА И
ПРЕГРЕВА ВО ТОПЛОРАЗМЕНУВАЧИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД
КОТЕЛСКАТА ПОСТРОЈКА.
11.
12. ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА
ПРОЦЕСОТ НА СОГОРУВАЊЕ НА
ГОРИВОТО КАЈ ПАРНИТЕ КОТЛИ
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ДОВЕДУВА
ДОВОЛНО КОЛИЧЕСТВО НА
ВОЗДУХ ЗА СОГОРУВАЊЕ НА
ГОРИВОТО, А ИСТОВРЕМЕНО И
ОДВЕДУВАЊЕ НА ПРОДУКТИТЕ
ОД СОГОРУВАЊЕТО НАДВОР ОД
ПОСТРОЈКАТА ПРЕКУ ОЏАКОТ. ЗА
ДА СЕ СОВЛАДААТ СИТЕ ЗАГУБИ
НА ПРИТИСОК КАЈ СОВРЕМЕНИТЕ
ПАРОГЕНЕРАТОРИ ПОТРЕБНА Е
ВЕШТАЧКА ПРОМАЈА
СОЗДАДЕНА СО ВЕНТИЛАТОРИ.
15. • Парните котли претставуваат отворени термодинамички системи,
каде што низ сите нивни составни елементи во границите на
просторот што го зафаќаат,ограничен со ѕидовите што ги одвојуваат
од околината,се случуваат дејствија и промени од доведувањето и
согорувањето на горивото како и доведување на подготвена
техничка вода,па до одведувањето на продуктите на согорувањето
(жешките гасови) и водената пара.
• Од термодинамичка гледна точка парните котли се разменувачи на
топлина со најразлични грејни површини.
• Носител на топлинската енергија се жешките гасови (продукти на
согорувањето на горивото),а приматели на топлинската енергија се
водата (ладна,топла и жешка), воздухот и водената пара
(сувозаситена и прегреана).
16. • Произведената пара има широка примена во најразлични области
(производство на електрична енергија,технолошка пара и пара за
греење).
• Под поимот современ котел се подразбира котел со автоматски
ситеми за одржување на капацитетот и параметрите на прегреаната
техничка пара при сите режими на работа. Долг век на траење и
експлатација,при безбеден и економичен режим на работа и висок
степен на заштита на околината.
• Основни елементи на котелот се уредите во кои се одвиваат
хемиските процеси на трансформација на енергијата на горивото во
топлина и продукти од согорувањето и уреди за пренос на
топлинската енергија (ложиште,испарувачи,загревачи на вода и
воздух,прегревачи на пара).